
Рускиот репрезентативец Андреј Аршавин официјално стана дел од англискиот премиерлигаш Арсенал. Довчерашниот играч на Зенит после долго тактизирање го напушта руското тло и се сели на островот. Двата клубови веќе постигнале меѓусебен договор и останува уште фудбалерот да се изјасни околу личните услови.
“Двата клуба постигнаа договор околу цената на играчот и трансферот е речиси готов. Единствено преостанува тој да ги договори личните услови со Арсенал со што и официјално ќе го облече нивниот дрес”-соопштил официјалниот сајт на Зенит.