
Иако во таборот на Реал Мадрид сеуште не се помирени со тоа дека трката за шампионската титула во шпанското првенство е завршена, обложувалниците "Експект" се убедени дека Барселона нема да ја прокоцка бодовната предност и веќе започнале со исплатите за облозите дека Каталонците ќе ја освојат ЛА Лигата.
Во соопштението кое ова попладне се појави на сајтот expect.com, потврдено е дека на сите обложувачи кои типуваа дека Барселона ќе биде прва во "Примера" ќе им ги исплатат добивките и покрај тоа што до крајот на првенството останаа уште 18 кола.
"Одлучивме дека трката за титулата во шпанското првенство е веќе завршена и сакаме да им честитаме на нашите клиенти кои предвидоа дека Барселона ќе заврши на првото место. Кога ќе се погледне играчкиот кадар на тимот од Ноу Камп не гледаме преголем ризик. Секако, облозите дека некој друг тим ќе го освои првенството сеуште важат и доколку има добитни талони, истите ќе бидат исплатени, но и покрај тоа што останаа уште 18 кола ние не гледаме вистински конкурент на Барселона" - изјавил Дан Викман, претставник на "Експект" за медиумите.
Тоа што е е интересно е дека пред почетокот на сезона Реал Мадрид котираше како главен фаворит за титулата со коефициент од 1.7, додека коефициентот на Барселона изнесуваше 2.35.