|
|
|
Победа над Исланд - 120.000 евра за Јонуз!!! Уште во текот на овој месец Мирсад Јонуз се надева дека ќе ја избриши придавката в.д пред селекторската функција. Вршителот на должност само доколку го победи Исланд на утрешниот квалификациски меч ќе го добие договорот долг две години од фудбалскиот врв.
Затоа пресметката со "рибарите" ќе биде од огромно значење за иднината на Јонуз на клупата на Македонија. Тоа е и нормално затоа што ако не го победи Исланд без неговата прва виолина Гудјонсен кого би победил сегашниот в.д селектор. Тоа е договорот помеѓу Харалампие Хаџи Ристески и Мирсад Јонуз. Тука лежи и одговорот за сите оние кои поставуваа прашање зошто Јонуз прифатил да биде селектор само на 4 средби. Една победа од двете средби кои ги играме овој месец. Првиот џокер Јонуз го потроши затоа што ние не славевме над Норвешка (0:0), но затоа пак еве утре ни доаѓа најголемиот аутсајдер во нашата група - Исланд.
Како што дознавме Харалампие Хаџи Ристески веќе го има договорот за Јонуз во неговите фиоки и на истиот недостига само потписот на Јонуз. Ваквите наши информации се само уште една најава дека прилепчанецот прави што сака и се договара онака како што нему му одговара. без никаква одлука го постави Бабунски за селектор на надежите па ни се случи дебакл на Златибор а еве сега се готви и договор за Јонуз. Тоа што членовите на УО дигаат раце за гласање е само една смешна парада и потврда на сето она што го посакува Хаџи - Ристески.
Ако го победиме Исланд утре Јонуз се очекува да добие двегодишен договор и шанса да го води националниот тим во следниот квалификациски циклус. Две години - 24 месеци или вкупно 120.000 евра без премии и дополнителни трошоци. Тоа е цифрата која би ја добил Јонуз но дали не треба да се почека крајот на квалификациите за да се верификува мандатот за селектор и во следниот циклус. Со 120.000 евра за 2 години Мирсад Јонуз ќе биде најскапоплатениот селектор на Македонија од домашните кадри но дупло поевтин од Катанец.
Згора на тоа дали една победа над Исланд ќе биде доволен доказ дека Јонуз е кадарен и има знаење да го води националниот тим. Зошто не се чека крајот на квалификациите!? Можеби затоа што тие завршуваат по годишното Собрание на ФФМ на кое ќе се гласа за нов претседател. Ако замине Хаџи Ристески сигурно Јонуз нема да остане на клупата а со договор ќе биде заштитен и добро би си наплатил при негово разрешување. Тоа е тоа. Пријател за пријател, глас за глас...
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
Отишол Трпе на гинеколог. - Еве ви ја жената докторе, ако може да и ја проширите малку. Докторов со задоволство го прифатил тоа, отишол во другата соба и завршил работа. Ја... |
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
1915.- Во селото Битуше, гостиварско, роден е...
1942.- Во Софија, бугарските фашисти ги стрелаа...
1942.- Почна Сталинградската битка меѓу...
1992.- Во Скопје е формирана Комора на...
|
|
|
|