За чудо потребен е гол..

Како ли ќе беше денеска во Осло доколку во саботата барем не загубевме во Глазгов!? Шкотскиот пораз од 2:0 го става во сенка денешното гостување на нашиот национален тим на Норвешка. Избраниците на Мирсад Јонуз се пред невозможна бараж мисија и со само теоретски шанси за пласман на втората позиција во групата. Со математика заминавме и во Глазгов, но ни се случи тој толку наивен пораз, тој толку проклет меч во кој имавме добар старт, шанси па на крајот добивме 2:0 и со наведнати глави тргнавме кон следната и последна квалификациска станица - Норвешка.

А како ќе се победи Норвешка, која има далеку подобри шанси од нас за втората позиција во групата и со победа вечерва ќе има какви-такви шанси за да се надева на баражот. Македонија дуелот во Осло го почнува со лоша статистика. Нашите најдобри фудбалери за да се надеваат на чудо ќе мора да дадат гол а такво нешто на гостувањата не ни се случило веќе 505 минути од оној гол во 2007 година кога Седлоски ја тресеше мрежат на Хрватска на "Максимир". Победата последна на гостувањата е она од Андора во 2006 година, а тоа е од пред три години.

"Треба да се обидеме да одиграме најдобро што можеме и да се бориме до крај за што е можно подобар пласман на табелата. Норвешка е во улогата на фаворит, но ние треба да се надеваме дека ќе ги повториме добрите минути од Глазгов, но и да се надеваме дека нема да ни се повторат истите грешки кои ни донесоа пораз на натпреварот од пред неколку дена. Нема што да се загуби и затоа без оптоварување треба да влеземе на овој меч..", коментира капитенот Гоце Седлоски за очекувањата од она што го очекува нашиот најдобар тим вечерва, од 20:30 часот, на стадионот "Улевал" во Осло.

Пет гостувања и пет порази во Серија. Русија (3:0) Израел (2:0), Исланд (1:0), Холандија (3:0) и Шкотска (2:0). Таа лоша серија ќе се обидеме да ја прекинеме вечерва кога треба да се бели образот и да се освои барем првиот бод од гостувањата во овој квалификациски циклус.

"Потребно е да постигнеме гол доколку сакаме добар резултат од ова тешко гостување кај Норвешка. Не очекува тежок предизвик. Домаќините се фаворити за победата, а нам ни преостанува да се надеваме дека ќе ја повториме играта од првиот час во Глазгов со која сум сигурен дека би стигнале до полн погодок вечерва тука, во Осло", е желбата на Величе Шумуликоски, лидерот во нашиот среден ред.

Македонските репрезентативци од понеделникот се во Осло и таму во мирна атмосфера ги очекуваат претстојните последни 90 минути во овој квалификациски циклус за пласман на СП 2010 година. Во нашиот табор се уште се зборува за саботната пресметка со Шкотска кога ги загубивме шансите за историски бум затоа што и со реми од Глазгов денеска се уште ќе имавме шанси да се бориме за тој толку посакуван бараж. Оваа генерација ја доби шансата да се бори до крај за голем подвиг, но не успеа да го положи испитот на зрелост и да не израдува на пресудниот меч. Затоа денеска Норвешка е нов предизвик за поправен и шанса да се подобри репрезентативниот рејтинг. Да се одигра максимално и со оглед на последните случувања во и околу националниот тим и нерешен резултат би бил успех и покрај тоа што и со таков скор ќе бидеме на неуспешното 4. место во групата и зад себе ќе имаме уште еден неуспешен и загубен циклус.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...