"Катастрофални грешки"

Ништо од големите очекувања, ништо од баражот и ништо од чекорот нанапред. Македонија како по традиција квалификациите ги завршува на позицијата која ја има во барабаните за време на ждрепката. За синоќешниот меч за импресиите од поразот свој коментар на прес-конференцијата во Осло даде Мирсад Јонуз. Нашиот селектор е разочаран од слабиот старт на средбата кој е главната причина за поразот.

"Многу рано примивме гол и тоа го наруши нашиот план и нашите очекувања. За да биде нашата несреќа уште поголема примивме и втор евтин гол. Тоа се катастрофални грешки кои беа пресудни на оваа средба и грешки благодарение на кои Норвешка дојде до посакуваната победа", беа зборовите на Јонуз, кој е задоволен од пристапот на фудбалерите во вториот дел од средбата и од самиот финиш.

"По долга пауза видовме едно добро второ полувреме. Во претходните средби секогаш игравме подобро во првите 45 минути, а сега имавме поинаква слика. Иако имавме лоша негатива од 2:1 имавме резултатско враќање со голот на Грнчаров во 79. минута. Имавме доволно време, но и шанси да се избориме за бод, но немавме доволно среќа", беше завршниот коментар околу натпреварот на Мирсад Јонуз.

Нескриено веднаш по средбата беше задоволството кај норвешкиот селектор Егил Олсен - Дрило од победата над Македонија, но пред се и поради освојувањето на второто место во групата на крајот од квалификациите.

"Многумина по нашето брзо водство помислија дека работата е завршена, но Македонија потврди дека сепак е квалитетна селекција. На крајот резултатот можеше да биде и сосема поинаков откако непотребно се опуштивме во финишот од средбата. Имавме квалитетно прво полувреме кога комплетно доминиравме. На крајот не знам што се случи, но секако мора да бидам максимално задоволен од триумфот", истакна на средбата со новинарите Олсен притоа дополнувајќи дека сега единствено остануваат очекувањата на разврската во другите групи за евентуално место во баражот за пласман на СП 2010.

"Сега ни останува да се надеваме дека сепак ќе успееме да се најдеме во баражот. Шансите се можеби мали, меѓутоа се додека има надеж ќе се надеваме на Јужна Африка. Сега може да се види колку загубивме со нерешениот резултат против Исланд во Рејкјавик за кој уште долго ќе жалиме. Без разлика на се, се надевам дека и натаму ќе останам на клупата на нашата репрезентација", дополни популарниот Дрило.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...