Војна меѓу медиумите и Марадона, на тапет и Меси

Аргентинските медиуми жестоко го критикуваат селекторот Диего Марадона за слабите резултати во квалификациите за Светското првенство. Стравот дека "гаучосите" нема да се пласираат во Јужна Африка е сосема реален, а еден од љубимците на нацијата е означен како главен виновник. Бројните медиуми дури го повикуваат Марадона да поднесе оставка и така да ја "спаси нацијата".

"Од својата 15-та година се борам со критиките на новинарите. Минаа 23 години и таа борба трае и понатаму. Ќе продолжам да се борам се до последната капка крв" - прокоментирал Марадона.

Нацијата ја изгуби и довербата во својот идол Лионел Меси.

"Меси во репрезентацијата е бледа сенка на играчот кој блеска во Барселона. Тој бега од одговорност во моментите кога не ни оди и се прави слеп. Не се однесува ниту малку јуначки. Резултатите се последица на тоа." - напиша аргентинскиот дневник "Оле".

Табела: Бразил 33 бода, Парагвај 30, Чиле 27, Еквадор 23, Аргентина 22, Уругвај и Венецуела 21, Колумбија 20, Боливија 12, Перу 10.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...