Играчите во одбрана на Пандев

Проблемот на Горан Пандев со управата на Лацио повеќе не е само проблем на двете "завојувани" страни. Мизерниот однос на клубот кон еден од своите најдобри фудбалери е причината за реакцијата на здружението на професионални фудбалери во Италија.

Колегите на Пандев го кренаа својот глас и својот став против теророт на Лацио кон Пандев и го обелоденија преку соопштение низ медиумите во својата земја. Фудбалерите застанаа на страната на нашиот репрезентативец кој наиде на терор и закани од претседателот Клаудио Лотито, кој реши да го "замрзне" фудбалерот откако тој одби да го продолжи договорот со Лацио според услови кои за него се неприфатливи.

Здружението на фудбалери во Италија од Лацио побара објаснување за настанатиот проблем и неоправданото "бришење" на Пандев од првиот тим на Лацио. Теророт кој го преживува Пандев од управат на Лацио е невиден скандал во Италија кој трае со месеци и месеци а покрај здружението на фудбалерите во наредните денови се очекува и реакција на обвинителството во Италија.

Ваков пример се уште не е виден во Италија каде еден водечки играч на некој од клубовите неоправдано е исфрлен од тимот, а потоа и условуван да потпише нов договор доколку сака да игра. Тоа е спротивно од договорот кој го имаат Пандев и Лацио па така сега со реакција на институциите но и на ФИФА се очекува нашиот фудбалер да ја добие потребната слобода и конечно да се ослободи од канџите на Лотито.

Лацио иако вчера го доби писмото од здружението на фудбалерите не даде одговор, а најновата вест од базата на "лацијалите" е тоа што во тимот се враќа Ледезма со кој е најден договор, но тоа не важи и за нашиот Пандев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...