Пандев бара раскин на зелена маса

Лацио и Лотито продолжуваат кон теророт против Горан Пандев и Ледезма. Двајцата фудбалери веќе подолго време се отстранети од првиот тим на римјаните. Тренираат посебно, без лекарски тим и без тренер. Сега клубот од "Олимпико" ја премина црвената линија и покрај тоа што минатата недела следеше реакцијата на здружението на професионалните фудбалери кои застана на страна на фудбалерите кои се неправедно "избришани" од клубот.

Веќе нема дилеми и се знае дека денеска Пандев и неговите агенти и адвокати ќе поднесат документација за раскин на договорот со Лацио со што фудбалерот без денар ќе си оди од Лацио.

Лотото и лани имаше слични проблеми со Мутарели кога ја загуби "војната" со фудбалерот. Сепак, тој процес траеше 3 месеци, а толку ќе трае и случајот со Пандев. Доколку с$ биде како што треба кон крајот на декември Пандев ќе треба да ја добие слободата од Лацио со што ќе може да го направи трансферот во Интер. Македонецот тргнува во судските лавиринти, а покрај италијанската федерација тој има право да го тужи Лацио и во органите на ФИФА, кои се ригорозни во случаите каде играчите се малтретирани и условувани од клубовите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...