Ливерпул нуди 7.000.000 евра за Пандев

"Немам контрола врз Пандев...проблемот ќе го решават судовите", коментира Лотито на најавите од Англија

Во деновите кога и официјално Пандев и Лацио се во војна се случуваат најави и нови приказни околу иднината на фудбалерот кој пред неколку дена поднесе тужба против клубот и на зелена маса ќе ја бара слободата да си оди во поголем клуб. Пандев има аргументи, а Лацио собира докази дека фудбалерот имал контакти со други екипи иако се уште бил под договор со римјаните.

Од Англија вчера пристигна најава дека Ливерпул до Лацио понудиле 7.000.000 евра со цел Горан Пандев да се пресели на "Енфилд". Во моментов тоа е одлична сума која би ја заработил Лацио, кој се соочува со губење на процесот затоа што Пандев има многу аргументи со кои ќе докаже дека тој е во право.

"Ливерпул!? Фиорентина!?... Не ме прашувајте повеќе за понуди. Немам никакви информации, но немам ниту контрола врз Пандев иако тој е наш фудбалер. Ниту јас, а ниту Пандев може да го решат проблемот. Сега за тоа одлучуваат судовите. Ние ќе докажеме дека сме во право...", е изјавата на Клаудио Лотито, првиот човек на Лацио за медиумите во Италија.

Иако се шират многу верзии и многу приказни треба да се очекува Пандев зимава да заврши во Интер. Имаше и најави дека тој веќе има преддоговор со "нероаѕурите", но тоа се само шпекулации. Пандев во сите овие тешки недели не дава изјави околу проблемите со оглед на тоа дека секој негов збор може да има контраефект во судскиот процес.

Има најави дека на 20 или 25 октомври ќе се разгледува барањето на Пандев, а кон крајот на ноември треба да се очекува финалната разврска и да се знае дали Пандев ќе ја добие битката со клубот. И додека двете страни се спорат, клубот продолжува со слабите резултати и никако да победи во Серија А.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...