Николовски кандидат за претседател на ФФМ

Благоја Николовски кандидат за претседател на Фудбалската федерација на Македонија денеска во Скопје пред медиумите ја презентираше својата програма со која ќе настапи на претстојното изборно Собрание во обид да го заземе местото на Харалампие Хаџиристески.

Програмата на Николовски се базира на четири главни програмски цели.

Формирање на Здруженија на прволигаши и второлигаши кои ќе функционираат како посебни правни лица со свои статут, тела и органи, а се со цел екипите самите да решаваат за своите потреби и интереси, е примарна цел на Николовски. Преку овие здруженија ќе се продаваат радио и телевизиските права, како и рекламен простор со што би се олеснило финансиското работење кое во последно време е многу отежнато кај голем број клубови.

Промени во Судиската организација е втор приоритет за Благоја Николовски.

- Предлагам донесување нов правилник за Судиска организација, согласно актите и препораките на УЕФА и ФИФА од Судиската конвенција. Со укинување на местото Комесар и формирање судиски Комитет ќе се избегне зависноста на судиите од еден човек и ќе се овозможи објективно и квалитетно судење. Во таа насока ќе организираме и семинари за стручна надградба на луѓето инволвирани во судиската организација, истакна Николовски.

Младинскиот фудбал е третата работа која треба темелно да се реформира и која во моментов, според него, е многу запоставена.

- Не постојат минимум услови за одигрување на Младинската лига. Терените на кои играат младинците не се обележани, судиите кои им судат се неквалитетни. Без никаков план и стратегија од страна на ФФМ младинскиот фудбал е оставен сам на себе да функционира. Излез од таквата состојба Николовски гледа во формирање на посебен фонд за развој на младинскиот фудбал, изградба на повеќе терени за тренинг, финансирање на спортска опрема, а како награда за најдобрите да се овозможи учество на силни меѓународни турнири.

Реорганизација во ФФМ и нова визија во работењето во иднина кое треба да биде транспарентно и засновано на одредени критериуми е неминовно за развојот на фудбалот во Македонија, смета за кандидатот прв човек на ФФМ.

- ФФМ мора да направи план за активностите на сите национални селекции и тој да биде јавен. Начинот на изборот на селектори мора да се промени и да се вклучат поголем број стручњаци, а да се консултира и Тренерската организација. Финансиското работење мора да е достапно на јавноста и да се дава отчет еднаш месечно на прес-конференција за плановите и проектите кои се во тек, истакна Николовски.

За шансата да биде избран за претседател на ФФМ Благоја Николовски рече дека моментално ја има поддршката само на Општинскиот фудбалски сојуз Скопје кој го кандидирал, а тоа се пет делегати. Планира со својата програма да ги запознава делегатите од другите ОФС преку директни контакти со нив.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...