Титулата е наша!

По извонредното издание против Ливерпул и победата од 2:0 Челзи застана на челната позиција на табелата со два бода повеќе од шампионот Манчестер Јунајтед, а шест од "Црвените" од Енфилд.

Минатата сезона Челзи освои само четири бода од можните 18 против конкурентите вклучувајќи го и Арсенал, но оваа момците на Карло Анчелоти добро "газат" во првенството и влегуваат како сериозни кандидати за шампиони на Англија.

Напаѓачот на екипата Дидие Дрогба е оптимист во пресрет на продолжението на сезоната изјавувајќи дека тимот многу научил од грешките кои ги правеше минатата сезона.

"Минатата сезона титулата ја изгубивме откако имавме лоши резултати против големите екипи. Ремизиравме со Јунајтед, а загубивме од Ливерпул и Арсенал, па оваа сезона се сконцентриравме да ја подобрите играта на тие мечеви. Тимот мора да победува против нив, за да биде на врвот. Мечот со Ливерпул беше прв натпревар против гигантите и беше исклучително важно да се извојува победа со која ќе покажеме дека оваа сезона не се шегуваме и одиме на шампионската круна. Им порачувам на другите екипи дека Челзи игра сосема поинаку од лани и ќе мора добро да се испотат за да дојдат до некој бод", изјави Дрогба.

Победата над Ливерпул за лондонската екипа беше одличен одговор на минатонеделниот пораз од Виган и минималната победа над АПОЕЛ од Лигата на шампионите.

"Виган беше разочарување бидејќи во борба за првото место ќе мора многу малку да се 'киксира' против екипи од нивен ранг. Се радувам што ја поправивме играта против Ливерпул. Тоа ни дава голема самодоверба во пресрет на останатите искушенија во кои мислам дека ќе ги издржиме. Оваа сезона е наша и ќе ја освоиме титулата", додаде репрезентативецот на Брегот Слонова Коска.

Следниот меч на Челзи е против Астон Вила во Бирмингем, а второто големо дерби на "Сините" е на 8. ноември кога на Стемфорд Бриџ ќе гостува Манчестер Јунајтед, а дотогаш Челзи ќе ги одмери силите уште со Блекбурн и Болтон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...