Ако Ливерпул не освои титула, вината барајте ја во Бенитез

Косопственикот на Ливерпул Џорџ Жилет тврди дека менаџерот на тој клуб Рафаел Бенитез за засилувања добил повеќе од доволно пари да создаде тим кој може да ја освои шампионската титула, притоа додава дека Бенитез е единствениот кој треба да се обвини доколку целите не бидат реализирани.

Поразот од Челзи изминатиот викенд беше дури трет за Ливерпул оваа сезона, а минатата недела загубија и од Фиорентина во Лигата на Шампионите. Но, Жилет верува дека тој и Том Хикс направиле многу повеќе од сопствениците на ривалските клубови за да му помогнат на тимот.

"Инвестиравме во клубот повеќе пари од нашите соперници. Во последните 18 месеци, освен тоа што клубот го заработи, вложивме и дополнителни 140 милиони евра. Ако работите не одат на подобро, тоа не е грешка на Жилет и Хикс, туку на менаџерот и скаутите. Пари имаше доволно, така да ако имате забелешки проверете ги продажбата и купувањето играчи." - изјавил Жилет.

Жилет тврди и дека 33 милиони евра заработени од трансферот на Чаби Алонсо веднаш се вратени во клупскиот буџет за трансфери, кој веќе бил поставен на 24 до 25 милиони.

"Клубот е во одлична финансиска ситуација. Многу подобра од случајот на Манчестер Јунајтед, Арсенал и Челзи. Инвестиравме многу пари, повеќе од било кој, освен од Манчестер Сити, кој троши лудачки." - додал Жилет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...