"Пандев од јануари во Интер"

Поранешниот претседател на Јувентус, една од најконтроверзните личности во италијанскиот фудбал, Лучјано Моџи, вчера со категорична најава за италијанските медиуми дека најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев од јануари 2010 и дефинитивно ќе биде нов фудбалер на Интер.

"Пандев сигурно во јануари ќе се пресели во Интер затоа што и е потребен на оваа екипа. Самуел Ето ќе биде на Купот на конфедерациите во Африка па Мурињо ќе остане без напаѓач, а Пандев е идеално решение. Мислам дека купувањето на македонскиот фудбалер ќе биде одлична работа за Интер", истакна вчера Моџи.

Вчера и италијанскиот "Тутоспорт" најави дека управата на "нероазурите" нема да дозволи Ливерпул да им го открадне Горан Пандев, па според информациите раководството на Интер е подготвено во моментов да му плати на Лацио, четири милиони евра плус отстапување на младиот Марко Арнаутовиќ.

Само два дена претходно англиските медиуми, пак, најавија дека Ливерпул е подготвен веднаш да плати 7 милиони евра за услугите на нашиот репрезентативец.

Како што е познато, Горан Пандев е далеку од првиот тим на "лацијалите" оставен на немилост во тимот, како резултат на неговото одбивање да потпише нов договор со тимот од Рим. Актуелниот му завршува во јуни 2010 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...