Мајка ми ме викаше Тито!

Ѕвездата на Челзи, Дидие Дрогба уште од мали нозе научил да биде лидер, и тоа благодарение на својата мајка. Во интервју за англискиот таблоид Сан репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска открива дека мајка му кога бил мал го викала Дидие Тито во чест на поранешниот претседател на СФРЈ, кој, како што е познато, особено беше омилен во африканските држави. Клотилде Дрогба исто така била голем фан на лидерот на народите и народностите во поранешна Југославија, го обожавала неговиот борбен дух и храброст и сакала тие карактеристики да ги има и нејзиниот син. Изјавите на Дидие ги потврдува и Клотилде, која не крие за својот идол од младоста.

"Кога бев бремена во Југославија владееше генералот Маршал Тито кого исклучително го ценев. Имаше борбен дух и секогаш беше доследен, поради тоа на малиот Дидие постојано му велев дека е мојот мал Тито", вели Клотилде. Дрогба имал само две години кога починал Маршалот, но за него многу слушал од мајка му.

Сепак, таа признава и дека кариерата на нејзиниот син за малку ќе завршела уште пред да почне. Морале да го испратат кај неговиот вујко кој бил професионален фудбалер во Франција, но Дидие место да учи, се фатил со лошо друштво, го интересирало само фудбалот и малку недостасувало да го повторува одделението.

"Кога имаше 11 години поради немаштија го испративме кај вујко му во Франција, а јас и сопругот Албер останавме во татковината. Не се видовме цели две години, но кога дојдов, имав што да видам. Го интересираше само фудбалот и не се вртеше во училиштето. Му забранив да игра фудбал една година, но, за среќа, ги поправи оценките и се врати на работата во која денес е толку добар", додава Клотилде.

Иако неговата мајка го споредувала со југословенскиот политичар, Дидие вели дека не сака да се истакнува во политиката во ниедна смисла. Тој е омилен кај својот народ, но тоа сака да го искористи само за напредок во спортот. По примерот на Тито, тој се обиде да го обедини својот народ кога пред почетокот на Мундијалот во 2006 година изби граѓанска војна во Брегот на Слоновата Коска. Селекцијата на оваа земја тогаш дебитираше на Светските првенства, а Дрогба во една телевизиска емисија им се обрати на граѓаните со следните зборови:

"Ако ние во репрезентацијата можеме да играме заедно и да победуваме, тогаш и луѓето од северот, југот, западот и централниот дел можат да живеат заедно во мит. Ве молам, ние сме единствената африканска држава со толку големо богатство. Не можеме туку-така да тргнеме војна едни против други. Ве молам".

Многумина тоа го сфатија како почеток на неговата претседателска кампања, но Дрогба не мисли така.

"Сосема сум задоволен од мојата работа. Мојот глас и вака се слуша. Не успеав да ја спречам војната, но натерав многу луѓе да се прашаат многу работи", вели за Сан фудбалерот на Челзи.

Фудбалскиот свет доста доцна слушна за ѕвездата од Брегот на Слоновата Коска. Пред шест сезони, кога имаше 25 години блесна во дресот на Марсеј во Лигата на шампионите и веќе следното лето заедно со Жозе Мурињо дојде на Стемфорд Бриџ. Оттогаш е еден од најдобрите фудбалери во лондонскиот тим, но не размислува многу за иднината и кога ќе ја заврши кариерата.

"Не си поставувам никакви лимити така што не знам до кога ќе играм фудбал. Веројатно тогаш кога нема да уживам во него. Не знам дали имав среќа, но многу доцна, на 25 години, заиграв на врвно ниво, па сега треба да уживам во фудбалот", додава Дрогба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...