Адриано пред трансфер во Милан!?

Некогашниот фудбалер на Интер, Адриано би можел наскоро да се врати во Италија, но и да го облече на градскиот ривал на "нероазурите" - Милан. Според Кориере дело спорт, потпретседателот на овој клуб Адриано Галијани, неодамна испратил скаути во Бразил каде бил составен список од потенцијални засилувања на "росонерите". На него се наоѓа и Адриано, кој во моментов е член на Фламенго од Рио де Жанеиро.

Бразилецот има 27 години, а во април годинава го раскина договорот со Интер и се врати во татковината, првенствено поради желбата да се излечи од депресија и алкохолизам, но многу брзо потоа потпиша и договор со Фламенго. Во меѓувреме одигра 22 натпревари и постигна 15 гола, а полека се враќа и во репрезентацијата на Бразил.

"Уште додека настапуваше за Интер постоеше можност да се пресели во Милан. Сега нема никаква пречка за евентуален трансфер кај 'росонерите'", вели агентот на Адриано, Жилмар Риналди.

И покрај приватните проблеми поради кои ја напушти Италија, љубителите на фудбалот во оваа земја и натаму Бразилецот го нарекуваат Император. Покрај Интер, на "Чизмата" тој играше уште за Фиорентина и Парма и сето тоа во периодот од 2001 до 2009 година.

Ако навистина се пресели во Милан, Адриано ќе им се придружи на Андреа Пирло, Џузепе Фавали и Кларенс Сидорф, кои исто така во минатото настапувале за Интер, а сега го носат црвено-црниот дрес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...