Марадона ја напушта Аргентина?

Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Диего Марадона, најави дека може да ја напушти клупата на националниот тим, дури и ако "Гаучосите" се квалификуваат на Светското првенство 2010 година. Марадона призна дека постојат неколку работи кои не му се допаднале откако е селектор и ќе размисли за својата иднина на оваа позиција. Како една од причините за заминувањето на аргентинската легенда се наведува несогласувањата со директорот на репрезентацијата Карлос Билардо.

"Беше одлично кога Хулио Грондони ме повика и ми понуди да бидам селектор на Аргентина. Со задоволство реков 'да' и им ги поставив моите барања пред да се зафатам со оваа одговорна работа. Се најдовме во многу лоша ситуација, но, сепак, нема да бегам од одговорноста, барем не до завршувањето на квалификацискиот циклус. Постојат неколку работи кои не ми се допаѓаат и за да останам на клупата на репрезентацијата ќе мора да седнеме и да поразговараме со челниците. Ќе им повторам дека мора да се ценат моите услови", изјави Марадона.

Селекторот беше изнервиран што Пабло Забалета пристигна во Аргентина повреден, а тој го обвини директорот Биларда за тоа. Имено, Марадона побара од Биларда да лобира кај челниците на Сити да не ги ставаат во игра Тевез и Забалета на мечот со Астон Вила за да бидат подготвени за најважните мечеви на Аргентина за пласман на Мундијалот, против Перу и Уругвај.

Двајцата настапија за Сити, а Марадона збесна кога дозна дека Забалета се повредил и нема да може да игра. И покрај проблемите, легендата на аргентинскиот фудбал изјави дека нема да повикува нов играч на неговото место.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...