Реал Мадрид навива за Португалија

Финансиски загуби од над 100 милиони евра ќе има Реал Мадрид ако Кристијано Роналдо не игра на Светското првенство во Јужна Африка со португалската репрезентација, соопшти вчера португалскиот Корео да Мања. Економските експерти проценуваат дека Роналдо на Реал треба да му носи околу 85 милиони евра по сезона, а отсуството од манифестација како Мундијалот би му нанела дополнителна штета на "Кралскиот клуб" бидејќи нема да има економска и стопанска активност во периодот во кој ќе играат најдобрите светски фудбалери. Во овие три месеци откако го претстави како нов играч, Реал од продажбата на дресовите со името на Кристијано Роналдо заработил околу 900 илјади евра.

Токму од тие причини здравјето на Кристијано Роналдо последниве денови е топ-тема во Шпанија и Португалија. За него се интересираат и највисоките државни кругови. За него постојано пишуваат водечките весници и, најверојатно, Роналдо по секоја цена ќе биде оспособен да игра против Унгарија. Дел од медиумите пишуваат дека поради квалификациите на португалскиот национален тим во втор план е ставено играњето на Кристијано Роналдо за Реал Мадрид. Дури докторите во консултација со претседателот Флорентино Перез одлучиле и при ризик од пораз од Севиља (што и се случи - 1:2) во минатото коло Роналдо да не игра на Рамон Санчез Писхуан, а со цел што поподготвен да го ди дочека последните два меча со Унгарија и Малта.

А, на нив на Португалците не им е дозволен "кикс" од едноставна причина што во моментов се на третата позиција со пет помалку од лидерот Данска и два од Шведска. Данска веројатно е недостижна, но битката сега е за второто место затоа што в сабота во директен дуел се среќаваат конкурентите, па Португалија има шанса некако да ја помине Шведска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...