УЕФА соопштила дека нема намера да ги одложува мечевите од Лигата на Шампионите поради страв од вирусот Х1Н1. Имено, постоеше став мечот меѓу Динамо Киев и Интер да биде одложен, но од европската фудбалска куќа ја отфрлија таа можност.
Во Украина е прогласена епидемија од новиот грип па се одложени голем број јавни манифестации меѓу кои се и многу спортски наастани, се со цел да се спречи ширење на заразата.