Челзи ќе може да купува во јануари

Судот за спортска абиртража (ЦАС) со седиште во Лозана одлучи привремено да му ја укине на Челзи суспензијата за ангажирање нови фудбалери. Првобитната пресуда е избришана на неодредено време додека не биде разгледана жалбата на лондонскиот клуб. Тоа значи дека на Челзи му се дозволува да купува играчи да ги регистрира како свои во јануарскиот преоден рок.

"Судот за спортска арбитража го прифати барањето на Челзи за укинување на суспензијата за трансфери и за симнување на казната на гостподинот Гаел Калкута изречени на 27 август 2009 година. Овие одлуки сега се во мирување се до изрекувањето на конечната пресуда во овој случај", се вели во официјалното соопштение од Судот за спортска арбитража.

За потсетување, лондонскиот клуб доби казна од ФИФА според која не смееше да регистрира нови фудбалери во следните два преодни рока, односно во јануари и јули 2010 година. Забраната беше изречена поради охрабрување на младиот француски фудбалери Гаел Какута да го раскине договорот со Ленс и да се пресели во Челзи во 2007 година. Според сознанијата на ФИФА, претставници на "сините" на родителите на 18-годишниот фудбалер им ветувале стан во Лондон, плата, работа за нив и школување на Гаел само да се преселат на Островот и да потпишат договор. Сето тоа е нелегално без дозвола на Ленс и поради фактот што Какута тогаш не бил полнолетен. И самиот Какута доби суспензија за играње официјални натпревари во период од четири месеци.

Информацијата за укинување на забраната најмногу му одговара на менаџерот на Челзи, Карло Анчелоти. Во јануари и февруари 2010 година се игра Африканскиот куп на нации, па лондонскиот тим во тој период ќе биде без услугите на четворица стандардни фудбалери: Дрогба, Калу, Есјен и Микел. За нив ќе треба да се најде замена бидејќи токму тој месец може да биде клучен во борбата за шампионската титула, па Анчелоти ќе може да си ги исполни своите желби да купи некој од фудбалерите што ги посакуваше. Прв на листата е Серхио Агуеро од Атлетико Мадрид иако во комбинација се и други играчи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...