Гвардиола не барал пари за засилувања

Тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола, ги шокира сите навивачи на актуелниот европски првак откако изјави дека не барал од раководството на клубот пари за засилувања во јануарскиот преоден рок. Неговата изјава е во комплетна спротивност од она што се случува во последниот период во кој Барселона се наоѓа пред потпис со Робињо, а шпанските медиуми тврдат дека зимава на Ноу Камп може да се пресели и Хавиер Маскерано.

"Засега од управата не сум побарал пари, но можеби тоа ќе се смени кога ќе дојде јануари", рече Гвардиола за Ел Мундо Депортиво.

Тренерот на Барса истакна и дека не е запознат со можното доаѓање на Робињо бидејќи не го известил за тоа. Тој оцени дека е нелегално некој да контактира со фудбалерот без дозвола на неговиот клуб.

"Опасно е да се преговара со фудбалер кој има важечки договор со друг клуб", рече младиот стручњак.

Претседателот Жоан Лапорта навести дека ако тренерот сака да го донесе Робињо или кој било друг клуб треба да се вложат големи напори.

"Ако тренерот сака да донесе нови играчи во јануарскиот преоден рок ќе се обидеме да ги исполниме неговите желби", вети претседателот.

Сево ова е во комплетна спротивност со она што го тврдат англиските медиуми. Тие уверуваат дека Робињо е на само чекор од преселба на Ноу Камп и тоа прво како позајмен играч од јануари до јуни за отштета од шест милиони фунти. Дури, Сан цитира неименуван извор од Манчестер Сити според која Барселона со сите сили се труди да го добие Бразилецот во јануари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...