Ливерпул не може да победи ниту со мамење!

Еден од двата најтрофејните клубови во англиското првенство, Ливерпул, остана на седмата позиција на табелата откако не успеа да го победи ни аутсајдерот Бирмингем, и тоа на домашен терен. Иако влезе како голем фаворит и со капитенот Џерард, но без повредениот Торес, Ливерпул по којзнае којпат ги разочара своите навивачи и најверојатно дефинитивно ги загуби шансите за шампионската титула и одигра само 2:2, што повторно не е доволно за кревање на атмосферата во и околу тимот. Реално, беше многу подобар противник, упати 25 удари кон противничкиот гол и буквално 90 минути помина на противничката половина, но немаше реализација на шансите и креативност во шеснаесетникот на Бирмингем.

Но, она што ќе остане во сеќавање од натпреварот е срамниот потег на Давид Нгог и уште посрамниот досуден пенал од главниот судија Питер Волтон во 69. минута од мечот. При водство од 2:1 на Бирмингем, младиот Французин, кој го постигна првиот гол за својот тим, влезе од левата страна, на топката стартуваше Карсли, кој немаше никаков контакт со противничкиот фудбалер, но тој падна, а Волтон на општо чудење покажа на белата точка. Џерард беше непогрешлив од оваа позиција и спречи уште поголема сензација на Енфилд.

"Не бев ни блиску до неговата нога, ова е шега. Знаев дека не го допрев и затоа му реков на судијата да ми даде жолт картон или да ме исклучи, така ќе ми беше полесно. Сигурен сум дека Нгог има семејство и сега сите се срамат од него" бесен беше Карсли, инаку поранешен фудбалер на градскиот ривал на Ливерпул, Евертон.

Интересно е тоа што двајцата фудбалери добија жолт картон, но не како последица на дуелот за време на играта туку поради вербалниот конфликт кој лесно можеше да прерасне во физички. Нгог се обиде да го игнорира противничкиот фудбалер, но беше задоволен од "добро" завршената работа.

Токму Французинот во 15. минута го доведе во водство домашниот тим откако Џо Харт го одбрани првиот негов удар, потоа и обидот на Риера, за Нгог од "трета" да ја затресе мрежата. Изгледаше дека потоа Бирмингем ќе доживее канонада, но се случи спротивното. До крајот на полувремето гостинскиот тим не само што израмни преку Кристијан Бенитез туку во финишот и направи комплетен пресврт и поведе со 1:2 на општо изненадување на присутните на Енфилд. И покрај подарениот пенал, Ливерпул до крајот не успеа да постигне уште еден гол и остана на една победа во последните девет средби во сите натпреварувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...