Се самоуби репрезентативниот голман на Германија

Голманот на фудбалскиот клуб Хановер и на германската репрезентација, Роберт Енке (32), се самоубил фрлајќи се под воз вчеравечер во близина на Хановер, објавија германските медиуми, пренесува Нетпрес.

Веста ја потврдил портпаролот на полицијата во Хановер.

“Полицијата ми се јави и ме извести дека Роберт Енке починал“, изјавил за “Билд“, Мартин Кинд, претседател на клубот Хановер.

Инаку, Енке пред три години имал семејна трагедија. Починала неговата двегодишна ќерка Лара, како последица од вродена срцева мана.

Роберт Енке фудбалската кариерата ја почнал во Карл Цајс Јени, а својот прв професионален настап го имал во втората германска фудбалска лига, во ноември 1995 година, токму против својот сегашен клуб Хановер. Ги бранел боите на Борусија Менхенгладбах, Бенфика, Барселона, Фенербахче и Тенерифе, а од јули 2004 година, почнал да настапува за Хановер. Тој бил голман и на репрезентацијата на Германија под 21 година, додека за сениорската репрезентација дебитирал на 28 март 2007 година, на пријателски натпревар против Данска.

Оваа година фигурирал како прв голман на фудбалската репрезентација на Германија, но поради инфекција на желудникот ги пропуштил последните натпревари во квалификациите за Светското првенство, против Азербејџан во Хановер, против Русија во Москва и против Финска во Хамбург.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...