Реал Мадрид - тим без душа

Вторник, 10 ноември 2009 година, ќе биде запишан во историјата на Реал Мадрид како ден кога славниот мадридски клуб е елиминиран од Кралскиот куп од "маалскиот" тим на Алкоркон. Никогаш во досегашната 107-годишна историја на Реал Мадрид не бил вака посрамотен, а неговите фудбалери смешни и без желба за игра и постигнување подобар резултат.

По срамната елиминација од третолигаш, се постанува прашањето кои се всушност вистинските вредности на овој Реал Мадрид т.н. "Галактико 2", кој се обидува да стане најдобар светски клуб во историјата и дали претседателот на клубот, Флорентино Перез, конечно, ја сфати грешката дека со пари не може да се освои се.

Што да се каже повеќе? Вистинската слика околу подготвеноста на "Кралскиот клуб" се виде на двомечот со аматерскиот тим на Алкоркон. Па сега дали вреди во еден клуб да се вложуваат милиони и милиони, а фудбалерите да не можат да совладаат ниту тим составен од менаџери, пекари, ѕидари, адвокати ...

Токму овие луѓе кои во слободно време играат фудбал им покажаа на големите професионалци како треба да се бранат боите на еден клуб, односно како треба вистински да се игра и да се сака фудбалот.

Ѕвездите кои го одиграа реваншот на Сантјаго Бернабе како Кака, Раул, Ван Нистелрој, Мамаду и Ласана Диара, Албиол, Марсело, Пепе, Ван дер Варт .... не покажаа ни 10% од она што го најавуваа пред две недели кога го загубија првиот меч со убедливи 4:0. Се подготвуваа да го демолираат противникот, да ја наполнат нивната мрежа, меѓутоа наидоа на подготвен тим, желен за надигрување, жилави играчи кои не покажаа ни трошка страв од некакви светски познати фудбалери.

Комплетна анализа е мизерна, лоша, катастрофална игра на фудбалерите на Реал на двомечот со Алкоркон. Целокупното раководство заедно со фудбалерите едноставно мора да им ги врати парите од влезниците на фановите кои дојдоа на Сантјаго Бернабе уверени во пласманот во следната фаза на својот тим. Првпат Флорентино Перез јасно ја слушна порака од фановите: "Пелегрини оставка".

ПОГРЕШНА ТАКТИКА И ИЗБОР НА ИГРАЧИ

Во отсуство на Кристијано Роналдо, Чаби Алонсо, Карим Бензема, Гути и Икер Касиљас, Мануел Пелегрини беше принуден да состави добитната комбинација и убиствен напад кој ќе атакува на голови.

Чилеанецот и постави таква формација, 4-2-2-2. Меѓутоа, нападот предводен од Ван Нистелрој и Раул потпомогнати од Игуаин и Кака во позадина едноставно не помина како опција. Чилеанецот како да заборави дека во својот тим нема фудбалери-креативци како на пример што ги има Барселона во Чави и Иниеста. Средниот ред како да го немаше. Гаго и Мамаду Диара тотално се изгубија, а Кака и Игуаин повеќе мислеа на нападот отколку на средината. Тоа им оставаше доста место за манипулација на играчите на противникот. Со ваква поставена игра Пелегрини очекуваше неговиот тим рано да постигне гол, а потоа да ги притисне играчите на Алкоркон до крај. И покрај неколкуте шанси, реално гледано Реал едноставно потфрли во првиот дел. Во вториот Пелегрини ја увиде својата грешка и ги стави во игра Марсело и Ван дер Варт, кои малку ја размрдаа играта. Но не го извади Гаго, кој беше најслаб поединец на натпреварот, туку Ласана Диара, кој беше далеку позабележителен од Аргентинецот. Тој потег навивачите на Реал го испратија со свирежи. Реал успеа да постигне погодок, но предоцна. Ван дер Варт погоди во 82. минута но немаше време да се достигнат оние четири разлика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...