Македонија ја победи Канада со 3:0

Струмица, 14 ноември (МИА) – Во пријателски фудбалски натпревар попладнево во Струмица, македонската фудбалска селекција ја победи Канада со 3:0.

Динамичен натпревар со четири досудени пенали одиграа двете репрезентации на стадионот „Младост“ на кој присуствуваа околу 4.000 гледачи.

Во првото полувреме, Македонија создаде десетина шанси и полушанси, но и тоа не беше доволно да се затресе противничката мрежа. Николче Новевски во 26. минута ја погоди стативата откако шутираше со глава по една нафрлена топка во гостинскиот шеснаесетник.

Ацо Стојков во 28. минута на додавање од Пандев од пет-шест метри шутираше право во голманот Џош Вебенар. Во завршните две минути од првиот дел ги одбележаа ударот на Горан Пандев по акцијата на Горан Попов, како и промашувањето на Славчо Георгиевски кој шутираше покрај голот од непосредна близина и непречен од никого.

Во вториот дел продолжи отворената игра од страна на двете репрезентации. Веќе во 3. минута од второто полувреме Седловски го отвори резултатот кога по изведениот корнер од Пандев прецизно шутираше со глава и ја доведе Македонија во водство од 1:0. Седум минути подоцна Канаѓаните пропуштија можност да израмнат откако Кјум го промаши голот во првиот пенал досуден за нив.

Во 61. минута Пандев зголеми на 2:0, а истиот играч во последната минута од средбата исто така од пенал ги постигна конечните 3:0. Во меѓувреме, Симеон Џексон во 69. минута го промаши и вториот досуден пенал за гостите, односно голманот Томе Пачовски го одбрани неговиот удар.

На прес - конференцијата по натпреварот гостинскиот селектор Стивен Хард со честитки за играта на македонската репрезентација.

- Македонија одигра извонредно прво полувреме. Во целост не надигра и заслужено победи. Ние се подобривме во вториот дел, но за да имаме успех потребно е да постигнуваме голови. Не ја искористивме можноста да се вратиме во игра, а Македонија го имаше Пандев кој беше непогрешлив при изведувањето на пеналите, изјави канадскиот селектор.

Љубителите на фудбалот од внатрешноста, според македонскиот селектор Мирсад Јонуз покажаа дека заслужуваат да бидат домаќини на репрезентацијата.

- Ние можевме да го решиме натпреварот уште во првите 45. минути, но повторно промашивме многу шанси. Задоволен сум од играта на сите репрезентативци. Конечниот резултат можеше да биде и 1:1 или 2:2, но мислам дека ние заслужено победивме, изјави селекторот Јонуз.

Македонскиот голгетер Горан Пандев рече дека одиграле отворен натпревар на тежок терен.

- Мислам дека заслужено победивме. Покажавме дека сме добро подготвени и со прикажаната игра верувам дека ги исполнивме очекувањата. Се надевам дека и в среда со Иран ќе прикажеме добра игра и ќе оствариме добар резултат, додаде Пандев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...