Трет по ред мандат за Хаџи-Ристески

Харалампие Хаџи-Риситески со 82 гласа "ЗА" од вкупно 97 делегати со право на глас, и по трет пат е избран за претседател на Фудбалската федерација на Македонија. На денешното Изборно Собрание на ФФМ одржано во хотелот „Александар Палас“, делегатите му изразија доверба на човекот кој и во изминатите осум години седеше во претседателската фотелја на националната фудбалска куќа.


По воведното излагање пред присутните делегати и гостите, против кандидатот на Хаџи-Ристески, Благоја Николовски, ја напушти седницата незадоволен од регуларноста на Собранието. Николовски наведе дека ФФМ организира незаконско и нестатутарно собрание, во кое право на глас им се дава на делегатите на ОФС Неготино, Гевгелија и Македонски Брод, центри кои од Агенција за млади и спорт, како што наведе Николовски, немаа решение. Откако Николовски доби одговор од Хаџи-Ристески дека сите присутни делегати во салата, 116 на број, ќе имаат право да гласаат за избирање на верификационата комисија, која подоцна требаше да го спроведе гласањето за избор на прв човек во ФФМ, Благоја го напушти Собранието.

Подоцна, изгласаната верификациона комисија на ФФМ одлучи од присутните 116 право на глас да им даде на 97 делегати, со образложение дека на нивниот состанок, а врз основа на приложените документи, одлучиле мандатите на делегатите од ОФС Гевгелија, Неготино, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и Валндово да не се верифицираат.

Се пристапи на тајно гласање, на кое од 97-те делегати со право на глас гласаа вкупно 85, а Хаџи-Ристевски ја доби довербата на дури 82 делегати, додека за Николовски гласот го дале 3 кандидати. Неважечки ливчиња изостанаа.

Сепак, не изостанаа ниту забелешките во однос на одбиената претседателска кандидатура на Масер Омерагиќ од ОФС Струмица, од каде уште еднаш побараа одговор на прашањето кој и како ја донел ваквата одлука. Инаку, Омерагиќ иако најави не се појави на Собранието.

Хаџи-Ристески беше ставен на тапет и од досегашниот потпретседател на ФФМ, Реџеп Беџети, кој на самиот старт од Собранието потенцираше за одредени неправилности при работата на досегашното раководство, додавајќи дека ова Собрание е нестатутарно и нелегитимно со барање истото да се поништи и презакаже.

Сепак, согласно волјата на присутните делегати со право на глас, Хаџи-Ристески го доби и третиот мандат да ја предводи ФФМ и тоа до 2013 година. Потсетуваме, на оваа функција е од 2002 година, а во 2005 година беше реизбран. Неговиот втор мандат престана на 1 октомври 2009 година.

"Големо задоволство ми е повторно да ја предводам ФФМ. Ќе дадам се од себе недоразбирањата од изминатиот период да се надминат и ветувам дека проектите кои се зацртани или веќе отпочнати ќе се реализираат. Веднаш по Собанието со максимален ангажман од сите страни ќе ја стартуваме изградбата на долгоочекуваниот тренинг центар во скопската населба Аеродром, каде ќе биде преселена и куќата на фудбалот". - изјави непосредно по изборот старо новиот претседател на ФФМ.

Пред крајот на собранието се конституираше и новиот Управен Одбор, а се избираше и потпретседател на Федерацијата.

Мониторинг врз целиот тек на собранието беше вршеше Руди Заврл од Словенија, назначен за специјален посматрач на ФИФА и УЕФА. Присутени беа и голем број гости, меѓу кои и претставник на Агенцијата за млади и спорт, како и поранешни претседатели и други фудбалски работници.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...