Кејптаун вечерва е центар на фудбалскиот свет

Во четири шешири ќе бидат поделени 32 репрезентации кои ќе учествуваат во вечерашната жрепка во Кејптаун за 19-тото Светско фудбалско првенство.

Мундијалот следната година од 11 јуни до 11 јули ќе се одржи во Јужна Африка, првпат на африканскиот континент.
Според претходните резултати и пред се според рејтингот на ФИФА определени се репрезентациите во шеширите.

Во првиот како носители се домаќинот Јужна Африка, Бразил, Шпанија, Холандиија, Италија (светски првак), Германија, Аргентина и Англија.
Вториот и третиот шешир ги сочинуваат селекции надвор од Европа.
Во вториот се наоѓаат: Австралија, Јапонија, Северна Кореја, Јужна Кореја, Мексико, САД, Хондурас и Нов Зеланд.
Во третиот се: Чиле, Парагвај, Уругвај, Нигерија, Камерун, Брегот на Слоновата коска, Гана и Алжир.
Четвртиот шешир е комплетно составен од селекции кои играа во европските квалификации: Франција, Србија, Грција, Данска, Португалија, Словенија, Словачка и Швајцарија.

Светското првенство ќе се игра во 11 градови во Јужна Африка на 13 стадиони. Жрепката која почнува во 18 часот ќе ја води познатата јужноафриканска актерка, која е добитничка и на Оскар, Шарлиз Терон. Покрај неа ќе бидат и спортските ѕвезди Дејвид Бекам, Хајле Гебреселасие, Мишел Платини, Франц Бекенбауер, Роже Мила и Еузебио.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...