Хјуз и Бенитез на "штрек", Мурињо се враќа

Ова сигурно не е порака или честитка каква што Марк Хјуз и Рафа Бенитез се надеваа дека ќе добијат за Божиќ. Сепак, таа дојде од Италија, а вели дека Жозе Мурињо е многу блиску до заминување од Интер. А, ваквата вест е ужасна за секој менаџер на голем клуб чии резултати не одат според планот како, во случајов Ливерпул и Манчестер Сити.

И покрај триумфот во Серија "А" минатата сезона и пласманот на првото место во оваа, Италијанците ја користат секоја можност за караница со тренерот на Интер. За волја на вистината, раководството на клубот најчесто одбива да му даде поддршка на Португалецот, а тоа особено беше видливо во последните две недели и серијата инциденти предизвикани од Мурињо. Дури, еден од директорите на Интер пред неколку дена даде изјава за италијанските медиуми.

"Интер ќе се раздели со Мурињо, тоа е дефинитивна одлука. Најверојатно на крајот од сезоната", рече тој.

Она што се случува е класика за Жозе. Се почна со последниот натпревар од групата во Лигата на шампионите против Рубин минатата недела. Сандро Мацола, легендата на Интер и дел од шампионскиот тим под водство на Еленио Ерера во 60-тите години на минатиот век, даде ексклузивно радиоинтервју што го вознемири Мурињо.

"Ако Интер не ја помине фазата по групи, Мурињо ќе добие отказ на крајот на сезоната - сигурно!", рече Мацола.

Мурињо не можеше да дочека да одговори на ова и ја искористи прес-конференцијата пред мечот со Рубин.

"Кој е Мацола?", праша тој. Сите присутни останаа стаписани, се додека еден од новинарите не му одговори.

"Јас знам кој БИЛ тој. Но, кој е сега? Тој ми го потпишува чекот за плата? Не! Значи, зашто тогаш јас треба сериозно да ги сфаќам неговите забелешки", во свој стил порача Мурињо.

Мацола, кој беше дел од тимот на Интер што ги освои единствените две титули во Купот на шампионите досега во 1964 и 1965 година, беше шокиран од ваквата изјава.

"Јас сум акционер во Интер и компанијата што го спонзорира и & припаѓа на Морати. Значи, да, и јас му плаќам на Мурињо и сакам да му порачам да ги провери фактите пред да каже нешто", врати Мацола.

Многу слична беше ситуацијата и во Челзи последната година. Во декември 2006 Мурињо од Абрамович доби порака дека нема пари за засилувања во јануарскиот преоден рок. Џон Тери беше повреден и го очекуваше шестнеделна пауза, а трансферот на Бен Хаим беше стопиран од газдата. Тоа беше само почеток на несогласувањата помеѓу двајцата. Мурињо требаше да добие отказ во февруари, но го освои Карлинг-купот и доби можност да остане до крајот на сезоната, а потоа до септември кога дојде крајот. Во Интер, работите се уште полоши.

Пред две недели доби црвен картон на мечот против Јувентус, а минатата недела физички го нападна новинарот на Кориере дело спорт, Андреа Рамацоти. Сите медиуми се свртеа против него и само прашање на ден е кога ќе дојде денот на разделба со Интер. Имајќи предвид дека Мурињо заработува годишна плата од 11,8 милиони евра, за миланскиот тим ќе биде екстремно скапо да му додели отказ, дури и ако двете страни се согласат дека е крај.

И покрај чудниот карактер на Португалецот кој сите добро го знаат, мора да се има предвид дека тој освои шест национални титули во последните седум години, и тоа во четири различни првенства. Со оглед на тоа дека Бенитез и Хјуз имаат најблаго кажано, лоша сезона, нема да биде чудо ако сопствениците на Манчестер Сити и Ливерпул одлучат да го повикаат Мурињо. Како трета опција се уште стои Реал Мадрид поради, за некого, слабите резултати на Пелегрини, но самиот Португалец неколкупати потврди дека за него предизвик е само Премиер-лигата.

Велат дека ништо не се случува случајно. Последните испади на Мурињо, најверојатно, се плод токму на неговата желба за враќање на Островот. Познато е дека тоа што Мурињо ќе го посака, најчесто и го добива.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...