
Потенцијалниот италијански репрезентативец со бразилско потекло, го заснова својот оптимизам за раната фаза на сезоната во Серија "А". "Десет години сум во Италија и знам дека се случувале многу ситуации кога екипите имале предност од десет бодови но на крајот тие не го освојувале Скудетото" изјави Амаури.
"Во тешка ситуација сме, но сите ја сносиме одговорноста и кривицата поради оваа настаната ситуација но мора да ги исправиме работите притоа да не повредиме никого" додаде бразилецот со Италијански пасош.
По божиќните празници продолжуваат натпреварите во Серија "А", првите наредни натпревари се на 6-ти јануари кога Јувентус ја пречекува Парма а првопласираниот Интер гостува во Верона на Киево.