Петмина од Барса во идеалниот тим на Л'Екип

Најтиражниот француски спортски дневник Л'Екип ја избра сопствената идеална постава за 2009 година. Сосема очекувано, во неа доминираат фудбалери на Барселона кои во последните седум месеци освоија шест титули, но ја потврдува доминацијата на англиската и шпанската лига од каде доаѓаат сите фудбалери во овој избор.

Од Барселона има петмина и тоа оние кои се "вртеа" во речиси сите анкети и доделувања на награди оваа година. Се разбира, прв е Меси и со него уште Дани Алвес, Јаја Туре, Чави и Иниеста. Реал е претставуван само од Икер Касиљас, додека другите петмина фудбалери се од Челзи и Манчестер Јунајтед.

Францускиот фудбалски магазин Франс фудбал на почетокот од декември очекувано му ја додели Златната топка на Лионел Меси, а Аргентинецот ги прибра сите индивидуални награди за 2009 година. Во изборот на ФИФА меѓу петтемина останати во најтесниот круг имаше дури тројца играчи од Барселона.

ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА Л'ЕКИП (4-3-3)

Икер Касиљас Реал Мадрид Шпанија

Дани Алвес Барселона Бразил

Немања Видиќ Манчестер Ј. Србија

Џон Тери Челзи Англија

Патрис Евра Манчестер Ј. Франција

Чави Хернандез Барселона Шпанија

Јаја Туре Барселона БСК

Микаел Есјен Челзи Гана

Лионел Меси Барселона Аргентина

Дидие Дрогба Челзи БСК

Андрес Иниеста Барселона Шпанија



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се возат во воз прилепчанец и Босанец. Му здосадило на Босанецот и му вели на прилепчанецот.
Окле си?
И прилепчанецов не одговара.
По некое време Босанецов пак:
Окле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1356.- Англиската армија предводена од Црниот...
1551.- Роден е францускиот крал Анри III,...
1802.- Роден е унгарскиот револуционер Лајош...
1833.- Црногорскиот владика Петар II Петровиќ...