Јонуз го објави списокот на играчи

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Мирсад Јонуз денеска го соопшти списокот на играчи за претстојниот пријателски натпревар со селекцијата на Црна Гора што ќе се одигра на 3 март во Скопје со почеток 14 часот и 30 минути.

- Добра прилика за нашата репрезентација пред македонската публиката да одигра еден добар контролен натпревар со квалитетен противник. За нас овој натпревар значи нов предизвик и инспирација, но и шанса тимот уште подобро да се воигра, а и да се реваншираме за поразот во Подгорица. На списокот се играчи кои во изминатиов период добиле шанса и заслужуваат да бидат повикани, а единствено ново име е играчот на Рад од Белград, 25-годишниот Александар Тодоровски којшто игра на десна странична позиција, изјави Јонуз за веб сајтот на ФФМ.

Тој додаде дека натпреварот ќе биде прилика да види во каква форма се фудбалерите, бидејќи повеќето од нив се на одмор и чекаат да почне вториот дел на првенството.

За противникот македонскиот селектор има многу пофални зборови.

- Секогаш е предизвик да се игра против репрезентација која доаѓа од бившите ју-простори, а посебно кога во своите редови имаат играчи како Вучиниќ, Вукчевиќ, Бошковиќ. Тоа ќе биде дополнителен мотив да прикажеме убава игра и да оствариме нова победа, истакна Јонуз.

Список на фудбалери за пријателскиот натпревар со Црна Гора:

Голмани: Томе Пачовски и Един Нурединовски.

Одбрана: Гоце Седлоски, Игор Митрески, Владе Лазаревски, Николче Новески, Бобан Грнчаров.

Среден ред: Арменд Алими, Величе Шумуликоски, Филип Деспотовски, Горан Попов, Александар Тодоров, Славчо Георгиевски.

Напад: Горан Пандев, Илчо Наумоски, Ацо Стојков, Бесарт Ибраими и Душан Савиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...