Реал и Барса ја користат брачната криза на Кол

Дефанзивецот на Челзи Ешли Кол би можел во летниот преоден рок да си замине бидејќи верува дека клубот воопшто не е праведен кон него. Неодамна излегоа на површина неговите вонбрачни авантури, а управата го казни со рекордни 400.000 фунти.

Според информациите од англиските медиуми, Кол своето незадоволство ќе го искаже со тоа што ќе си замине од клубот. Токму на оваа ситуација чекаат шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона, кои посакуваат да го приберат во своите редови и да го спасат од редовните напади на англиската јавност. Неговите пријатели изјавија дека Кол наскоро ќе се разведе од сопругата, па нема потреба повеќе да остане во Англија.

На Кол му е потребна голема промена, односно бегство од сите проблеми, а токму понудите на Барса и Реал ќе му го овозможат тоа.

Наводно Реал е подготвен да издвојат 25 милиони фунти за негов трансфер и неделна плата од 150 илјади фунти, а нешто слично би му понудила и Барса. Засега Кол е под силни критики од управата на Челзи, иако тренерот Карло Анчелоти е на негова страна и ќе се бори да го задржи еден од најдобрите леви бекови во Светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...