Бриџ се откажа од настапот на Мундијалот

Фудбалерот на Манчестер Сити, Вејн Бриџ преку соопштение објави дека се откажува од англиската репрезентација за Светското првенство во Јужна Африка поради секс-аферата на соиграчот од националниот тим Џон Тери со неговата поранешна девојка Ванеса Перонсел. Тоа значи дека искусниот лев бек нема да настапи на претстојниот Мундијал и во иднина ги прекинува сите комуникации со репрезентацијата на Англија, чиј член е од 2002 година и досега има 39 настапи.

"Долго размислував за мојата позиција во репрезентација по се што досега се случуваше. Секогаш ми било чест да играм за Англија, но на крајот дојдов до заклучок дека моето играње во националниот тим повеќе е незамисливо. Поради остатокот од тимот чувствувам дека е најдобро да се откажам од репрезентацијата за да не им ја одземам на другите играчи концентрацијата која им е исклучително потребна пред и за време на Светското првенство во Јужна Африка. Својата одлука веќе им ја соопштив на селекторот и неговите помошници, а на момците им посакав се најдобро на Мундијалот", порача Бриџ.

Сепак, ова не значи конечно повлекување од репрезентацијата на фудбалерот на Манчестер Сити. Се претпоставува дека тој би се врати во националниот тим ако во иднина во неа не биде инволвиран Џон Тери, што е речиси незамисливо имајќи ја предвид важната улога на довчерашниот капитен. Двајцата фудбалери беа исклучително блиски пријатели додека настапуваа заедно во Челзи и во репрезентацијата на Англија, па дури и сопругата на Тери, Тони Пул, често пати беше во друштво со Перонсел.

Ваквата ситуација очигледно ќе го погоди селекторот Фабио Капело, кој сега останува без квалитетно решение на левата бековска позиција. Ешли Кол има тешка повреда поради која во прашање е доведен неговиот настап на Мундијалот, а сега остана и без вториот избор од кого многу се очекуваше на првенството во Јужна Африка. Како најлогичен избор сега се наметнува фудбалерот на Астон Вила, Стивен Ворнок, кој настапи на пријателскиот меч против Бразил во декември, но тогаш одигра само шест минути. Втор на листата на чекање е Лејтон Бејнс, а во минатото на левата бековска позиција во репрезентацијата играше уште Герет Бери, Џолион Лескот и Ники Шори на кои тоа место, сепак, не им е оригинално.

Што се однесува до Бриџ, тој објави и дека донел одлука во иднина да ги игнорира апелите од своите пријатели и да не се ракува со Џон Тери ниту за време на натпреварите. Првата средба по скандалот тие ќе ја имаат утре кога Манчестер Сити ќе му гостува на Челзи на Стемфорд Бриџ во рамките на 28. коло од Премиер-лигата. Како што е познато, Тери поради оваа афера ја загуби капитенската лента во репрезентацијата на Англија, а во опасност беше доведен и неговиот брак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...