ПО ПОВЛЕКУВАЊЕТО ОД СОБРАНИЕТО НА НАЈТРОФЕЈНИОТ МАКЕДОНСКИ КЛУБ

Комити: „Сега не сме пречка за 'европеизација' на Вардар"

По последните одлуки околу новата собраниска раководна трансформација на најтрофејниот македонски клуб, вчера со соопштение до јавноста и од досегашниот колективен член во Собранието на Вардар, Одборот за спас, односно "Комитите" кои своето повлекување од раководните органи го образложуваат со намерата да запрат сите образложувања низ домашната фудбалска јавност дека тие се главната пречка за стабилизација на клубот.

"Во интерес на вистината ние вистинските навивачи и љубители на ФК Вардар, чувствувајќи голем товар за состојбата во која ни беше оставен нашиот клуб, ги информираме сите оние кои навистина го сакаат ФК Вардар дека на Собранието одржано на 24.02.2010 година сите членови на Одборот за спас поднесоа оставка и ги вратија членовите на колективниот член "Мода и спорт" од кого претходно беа добиени", велат "Комитите" притоа дополнувајќи:

"Во изминатиов период од две години се случија неколку грешки за кои сме ние виновни само поради нашата искрена и голема љубов кон клубот. Верувавме многу на таканаречени бизнисмени од земјава и од странство (Македонци - Австријци, Македонци - Норвежани, Швајцарци, Американци), а сепак тоа беа само ситни профитери кои за одреден надомест би ја продале и сопствената душа, како што тоа му го направија на нашиот клуб фрлајќи го на колена. Ние влеговме во клубот кога му беше најтешко, преземавме огромна одговорност, го помагавме колку што можевме, не профитиравме туку одвојувавме средства од сопствените џебови, соочени со опструкции од сите страни. Дури и луѓето за кои мислевме дека навистина го сакаат клубот играа свои нечесни игри. Нашата вина е тоа што понудивме визија и план за опстојување и високи дострели на клубот, наспроти вообичаената практика на продавање на играчи на црно, давање на бланко исписници, плаќање во готово како и многу други криминални дејанија за кои повеќе пати ја алармиравме и повикувавме јавноста, медиумите, УЈП, финансиската полиција, МВР, Агенцијата за млади и спорт, претставниците на град Скопје, ФФМ.., меѓутоа не наидовме на интерес од нивна страна.

Првиот спасител заедно со своите соработници продаде 25 играчи а го остави клубот без денар и со простории во една градска кафеана. Вториот спасител даваше бланко исписници и организираше продажба на играчи на штета на клубот, а сите тие не убедуваа нас дека ние ги спречуваме "сериозните" инвеститори да влезат во клубот за да го "европеизираат". Затоа, ние најверните навивачи КОМИТИТЕ ги отстапивме нашите членови на бизнисмени и сега очекуваме резултати. Покажавме и докажавме дека искрено и од срце го сакаме клубот, не го оставивме ФК Вардар на цедило (како што ни беше оставен на нас), а и понатаму ќе ги следиме сите натпревари на нашиот сакан клуб, како се што се случува во и околу клубот. Комитите биле и понатаму ќе останат коректор на сегашни и идни управи", се вели во вчерашното соопштение од "Комитите".


Дел од вината за досегашните состојби припишуваат и на себе

***
Централниот регистар го потврди Шехтански

По доставената документација вчера Централниот регистар на РМ, според објавата на својата интернет страна, го запиша името на Ванчо Шехтански како нов претседател на ФК Вардар, на местото на досегашниот Драги Сетинов.

Шехтански вчера пред тренингот на фудбалерите накратко им ги соопштил новините околу организациската трансформација во клубот најавувајќи го и новиот стручен штаб на клубот.

Тодоровски размислува за останување во клубот

Според предлог распределбата на новото раководство на "црвено-црните" досегашниот тренер Ѓорѓи Тодоровски - Џони треба да биде координатор во младинските селекции низ релација и со првиот тим на клубот. Меѓутоа вчера Тодоровски како што соопштија од клубот го известил новиот претседател Шехтански дека сепак ќе размисли дали ќе ја прифати новата понудена функција. Незадоволни од начинот на извесни промени во клубот се и досегашниот претседател Драги Сетинов кој треба да ја добие функцијата спортски директор, како и скаутот Ерол Демир кои исто така најавија можност за повлекување од црвено-црните редови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...