Бекам патува на Мундијалот

Ако не може како играч, Дејвид Бекам најверојатно ќе отпатува на Светското првенство како дел од стручниот штаб на англискиот селектор Фабио Капело. Според дневниот весник Телеграф, италијанскиот стручњак наводно му ја дал оваа понуда на фудбалерот на Милан непосредно пред неговото заминување во Финска на операцијата на Ахиловата тетива и му порачал дека го смета за значаен дел од англиската репрезентација.

Дури, Капело отишол дотаму што на Бекам му понудил да остане во националниот тим и по Светското првенство и тоа на функција што самиот ќе си ја избере. Едно од решенијата е Бекс да биде дел од стручниот штаб, второто е да биде дел од репрезентацијата и покрај тоа што не може да игра, а третата е во иднина да биде еден вид "амбасадор на англискиот фудбал" и како таков промотер на репрезентацијата пред и за време на Мундијалот. Селекторот Капело вчера изјави дека очекува Бекам да се врати во репрезентацијата за квалификациите за Европското првенство во 2012 година и со настапот во Полска и Украина официјално да стави крај на својата кариера во националниот тим.

Јасно е дека присуството на Бекам дополнително би го зголемило медиумското внимание на англиската репрезентација која и онака во последната деценија постојано е меѓу најатрактивните селекции на големите фудбалски натпреварувања. Лица од организацискиот комитет на Светското првенство пред два дена изразија разочараност поради повредата на англиската фудбалска легенда бидејќи со неговото отсуството од зелените терени ќе опадне и атрактивноста на првенството.

Освен тоа, Фудбалската асоцијација на Англија се надева дека преку Бекам ќе ја продолжи успешната промоција на својата кандидатура за Светското првенство во 2018 година.

Последните информации од Англија велат дека Бекам добил еден куп понуди за коментирање на натпреварите од Светското првенство во Јужна Африка и дека очекува следниве денови да одлучи која од нив ќе ја прифати.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...