
Бразилскиот фудбалски репрезентативец Кака, член на мадридски Реал од оваа сезона, сугерира дека неговата селекција мора да биде во најдобра форма уште од самиот почеток на Светското првенство, со оглед на тежината на групата.
Бразил првиот меч во групата Г ќе го одигра на 15 јуни против Северна Кореја, а потоа му претстојат двобоите против Брегот на Слонова Коска и Португалија
"Се работи за многу тешка група, можеби и најтешката од сите во првиот дел од натпреварувањето. Дуелите против Брегот на Слоновата Коска, Португалија и Северна Кореја сигурно дека многу ќе не мотивираат за да го извлечеме најдоброто од нас. Јасно е дека од почетокот на Мундијалот мора да бидеме во најдобрата форма. Доколку не се подготвиме добро, лесно може да ни се случи да бидеме едно од најнепријатните изненадувања на Светското првенство" - повикува на внимание Кака.