Го сакам Интер, но не го сакам Калчото

Тренерот на Интер, Жозе Мурињо, повторно ја разбранува италијанската фудбалска јавност откако изјави дека не се чувствува среќен во италијанскиот фудбал. Многумина тоа го протолкуваа како најава за разделба со миланскиот клуб, но тој одби да коментира на таа тема. Контроверзната изјава Мурињо ја даде на прес-конференцијата ден пред натпреварот против ЦСКА Москва во Лигата на шампионите, која е задолжителна за него за разлика од средбите со новинарите во италијанскиот фудбал.

"Одлучив да не зборува за Серија А бидејќи ако го правам тоа ќе бидам многу искрен, ќе зборувам од срце, а тоа не е добро ниту за мене, ниту за вас. Сега ми е лесно бидејќи на овие прес-конференции зборуваме за Лигата на шампионите за разлика од оние во првенството. Ситуацијата околу мене е многу јасна: среќен и го сакам Интер, но не сум среќен во италијанскиот фудбал. Јас не го сакам и никој инволвиран во него не ме сака мене", објави Мурињо во свој стил.

Португалецот доби низа суспензии во двете сезони во кои го води Интер поради кавги со судиите, како и поради коментари во врска со сите структури во италијанскиот фудбал. Освен тоа, повеќепати влезе во конфликт со новинарите во оваа земја, при што еднаш дури имаше и физички дуел со еден од нив.

Како последица на сето ова, Мурињо неодамна одлучи да не контактира со медиумите, па не се појавува на прес-конференциите по натпреварите на Интер во Серија "А", а и кога е обврзан да присуствува на нив, одговара кратко и отсечно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...