И Интер учествувал во "Калчополи"

Торинскиот спортски дневник Тутоспорт во своето вчерашно издание откри нови информации во случајот Калчополи кој го тресе фудбалот во Италија веќе четири години. Весникот, кој е близок до Јувентус, тврди дека и Интер учествувал во најголемиот фудбалски скандал иако миланскиот клуб излезе чист од сето тоа и најмногу профитираше. Досега беше докажано дека Јувентус, Милан, Лацио и Фиорентина биле единствените што учествувале во оваа афера. Сите тие пред четири години беа казнети со одземање бодови, а Јувентус дури беше исфрлен во Серија "Б" и му беа одземени последните две освоени титули во италијанското првенство.

Според Тутоспорт, пред неколку дена адвокатот на Лучијано Моџи, Пако Д'Онофрио на судот му претставил разговор меѓу претседателот на Интер, Масимо Морати и шефот на судиската комисија Паоло Бергамо. Кратко потоа тој аудио-запис мистериозно исчезнал од судот во Неапол. Според новите откритија во случајот, Морати не само што разговарал со Бергамо туку договорил и лична средба со него во декември 2004 година во својата вила каде двајцата заедно поминале цел викенд.

"Слушај, сакам да се сретнеме", му вели Морати на Бергамо, а овој одговара: "Добро, и јас сакав да знам дали е се в ред".

Интересно е што разговорот меѓу Морати и Бергамо бил претставен како доказ во случајот против Моџи, и тоа од извесен инспектор Ауричио, кој на судот му претставил над 171 илјада разговори докажувајќи ја со тоа вината на поранешниот генерален менаџер на Јувентус. За адвокатот Д'Онофрио е необјасниво како никој не обрнал внимание на разговорот меѓу Морати и Бергамо.

По сето ова, во Јувентус се надеваат дека Интер ќе ја добие заслужената казна, а на "бјанконерите" ќе им се вратат двете титули од 2005 и 2006 година иако веројатноста за тоа е минимална.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...