Јувентус се сврте кон Венгер, фановите гласаат за Капело

Како што се приближува крајот на сезоната така Јувентус пополека ги губи шансите за излез во Лигата на шампионите следната сезона. "Старата дама" игра катастрофална сезона, а во клубот треба да се решат многу нејасни ситуации за работата да тргне на подобро. За тоа кој останува, а кој си заминува е вистинска енигма, а клубот моментално не дава изјави во врска со идните кадровските промени.

Сепак, италијанските медиуми наведуваат дека прва цел на Јувентус е наоѓање нов тренер, а во нивните планови се наоѓа легендата на Арсенал Арсен Венгер. Имено, управата посакува екипата да негува англиски стил на игра, а Венгер, кој има големо искуство во Премиер-лигата, е вистинскиот човек за оваа работа. Како опција за прв тренер и понатаму останува Шпанецот Рафа Бенитез, а во игра е и стратегот на Каљари Масимилијано Алегри, кој сезонава бележи фантастични резултати со малиот клуб од Сардинија. Јуве во летниот преоден рок се обиде да го ангажира Венгер, но Французинот тогаш побара 3,5 милиони евра повеќе од она што Италијанците планираа да му платат. Меѓутоа, фановите на овој клуб размислуваат во друга насока. Во анкета која ја спроведе италијанскиот Кориере дело Спорт најмногу од испитаниците гласале за актуелниот селектор на Англија, Фабио Капело, на второто место го ставиле Рафа Бенитез, а зад него предводникот на Фиорентина Чезаре Прандели. Капело остави силен впечаток кај навивачите на торинскиот клуб со оглед дека под негово водство од 2004 до 2006 година Јувентус доминираше во Серија "А".



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...