Познати полуфиналистите во Лигата на Европа

Сите четирите реванш натпревари од четвртфиналната фаза во Лигата на Европа на УЕФА се одиграа синоќа.

Од домаќините единствено Ливерпул на „Енфилд“ ја анулираше предноста на Бенфика од првиот натпревар (2:1). „Црвените“ славеа со 4:1 со головите на Дирк Кајт и на Лукас Леива водеа на полувремето, потоа Фернандо Торес зголеми на 3:0. Неизвесност донесе Кардосо со голот за Бенфика во 70.минута, а конечните 4:1 ги постави Торес со вториот негов гол на овој натпревар. 

Изненадувањето во ова натпреварување, тимот на Фулам избори уште една победа. „Студениот туш“ за Волфсбург стигна во првата минута со голот на Боби Замора и така Англичаните со победата од 1:0 ја зголемија и предноста од првиот дуел (2:1).

Хамбургер не дозволи изненадување во натпреварот со Стандард, па славеше победа и на гостувањето со 3:1 (првиот натпревар Германците го добија со 2:1). Младен Петриќ го постигна водечкиот гол за гостите, а потоа за Стандард изедначи Игор Де Камарго. Гостите победата ја заверија со головите на Петриќ во првиот дел и на Хозе Пауло Гереро во последната минута.

На „Винсенте Калдерон“ во „шпанската пресметка“ се радуваа домаќините. Атлетико Мадрид одигра нерешено 0:0 со Валенсија и благодарение на 2:2 од првиот натпревар и правилото гол повеќе на гости избори полуфинале. 

Во полуфиналето на 22 и на 29 април ќе играат Хамбургер – Фулам и Атлетико Мадрид – Ливерпул.

Финалниот натпревар ќе се одигра во Хамбург на 12 мај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...