ПРЕМИЕР-ЛИГА 34. КОЛО

Јунајтед се враќа на врвот... барем на кратко?

Актуелниот англиски првак Манчестер Јунајтед викендов има можност да се врати на првото место на табелата, барем на три дена бидејќи сегашниот лидер Челзи има обврски во ФА Купот и нема да игра премиерлигашки натпревар. По ужасната недела во која ја загуби челната позиција во првенството и доживеа елиминација од Премиер-лигата, Манчестер Јунајтед сега му гостува на Блекбурн со обврска да победи ако сака да остане во игра за одбрана на титулата. Само тоа може да биде спас на сезоната иако Јунајтед сезонава веќе освои трофеј во Карлинг-купот.

Но, далеку од тоа дека гостувањето на Ивуд Парк ќе биде лесно за Алекс Фергусон и неговите фудбалери. Блекбурн е тим кој до крајот на сезоната може да игра сосема ослободен од какви било грижи имајќи предвид дека одамна го обезбеди опстанокот. Токму Блекбурн сезонава два пати одигра нерешено со Челзи на домашен терен (еднаш во првенството, еднаш во купот) и го исфрли од Карлинг-купот. Се разбира, тоа не е екипа која може да се спореди со најтрофејниот англиски клуб, но Манчестер Јунајтед мора да игра претпазливо. Причина за тоа е фактот што и утре во екипата ќе го нема Вејн Руни чие враќање беше само привремено за мечот со Баерн во Лигата на шампионите. Интересно е тоа што Јунајтед ги доби последните две гостувања кај Вулверхемптон и Болтон и тоа без примен гол, а во 2010 година одигра седум натпревари надвор од својот стадион и доживеа само еден пораз и тоа од Евертон.

"Враќањето по кризни периоди е во природата на нашиот клуб и дел од историјата на Манчестер Јунајтед. Имаме уште пет натпревари до крајот на сезоната и мораме да ги добиеме сите, почнувајќи од овој в недела", рече Алекс Фергусон.

Ливерпул има двоен мотив утре да го совлада Фулам пред своите навивачи. Првиот е како одмазда за дебаклот од 3:1 во првиот меч оваа сезона, а вториот е актуелната борба за четвртото место на табелата. Во моментов, "црвените" имаат четири бода негатива во однос на Манчестер Сити, пред нив е и Тотенхем, па затоа мора да се освојат сите 15 бода до крајот на сезоната за да се обезбеди учество во Лигата на шампионите. Ливерпул во моментов е во серија од осум премиерлигашки победи на домашен терен и тоа е она што му дава оптимизам на менаџерот Рафа Бенитез пред мечот со Фулам. Двете екипи обезбедија пласман во полуфиналето од Лигата на Европа и можно е да се сретнат во големото финале што се игра на средината на мај.

ДВОЈКИ

САБОТА

ХУЛ - БАРНЛИ 16 ч.

ВЕСТ ХЕМ - САНДЕРЛЕНД

НЕДЕЛА

ВУЛВЕРХЕМПТОН - СТОУК 13 ч.

БЛЕКБУРН - МАНЧЕСТЕР Ј. 13.30 ч.

ЛИВЕРПУЛ - ФУЛАМ 16 ч.

МАНЧЕСТЕР С. - БИРМИНГЕМ 17 ч.

ТАБЕЛА

1. Челзи 33 23 5 5 84:30 74

2. Манчестер Ј. 33 23 3 7 77:27 72

3. Арсенал 33 22 5 6 75:34 71

4. Манчестер С. 32 16 11 5 64:40 59

5. Тотенхем 32 17 7 8 58:32 58

6. Ливерпул 33 16 7 10 54:33 55

7. Астон Вила 32 14 12 6 44:32 54

8. Евертон 33 13 11 9 52:44 50

9. Бирмингем 33 12 10 11 34:38 46

10. Стоук 32 10 12 10 32:35 42

11. Блекбурн 33 11 9 13 35:50 42

12. Фулам 32 11 8 13 35:37 41

13. Сандерленд 33 9 11 13 44:51 38

14. Вулверхемптон 33 8 8 17 28:51 32

15. Болтон 33 8 8 17 36:61 32

16. Виган 33 8 7 18 30:64 31

17. Вест Хем 33 6 10 17 40:57 28

18. Хул 32 6 9 17 31:66 27

19. Барнли 33 6 6 21 32:71 24

20. Портсмаут 33 6 5 22 28:60 14

Реина уште шест години во Ливерпул

Шпанскиот репрезентативен голман Пепе Реина го продолжи договорот со Ливерпул до 2016 година. На Енфилд тој пристигна пред пет сезони и досега одигра над 250 натпревари за најтрофејниот англиски клуб.

"Воодушевен сум, тоа што ќе останам овде уште шест години е можеби најважната вест во мојот живот. Моето семејство веќе се навикна на животот овде, а сопругата уште од почетокот ми велеше дека сака долго да останеме во Ливерпул. Се надевам само дека во иднина ќе бидеме поуспешни на клупски план", рече Реина.

Во последните 12 месеци уште петмина фудбалери на Ливерпул ги продолжија договорите: Фернандо Торес, Стивен Џерард, Дирк Кујт, Даниел Агер и Јоси Бенајун. Реина е производ на фудбалската школа на Барселона каде дебитираше како сениор, а веќе половина деценија е член и на шпанската репрезентација која е актуелен европски првак.

Ван Перси се враќа за големото дерби

Напаѓачот на Арсенал, Робин ван Перси најверојатно ќе се врати во тимот за големото дерби против Тотенхем што се игра в среда. Тоа е многу побрзо од прогнозите на докторите кои тврдеа дека тој нема да заигра повторно оваа сезона. Ван Перси сигурно ќе биде големо засилување во борбата за титулата бидејќи "топчиите" се со само три бода помалку од Челзи.

Холанѓанецот го повреди скочниот зглоб уште минатата есен на пријателски натпревар за својата репрезентација против Италија.

ФИКС НА КОЛОТО

Ливерпул - Фулам 3+

Ливерпул е во серија од осум победи на домашен терен, а Рафа Бенитез може да биде задоволен и од ефикасноста што се забележа и на мечот против Бенфика во Лигата на Европа. Фулам сезонава ги надмина сите очекувања, но по триумфот над Волфсбург во четвртокот, може да се очекува мал пад во играта. Тоа е добро за најдобриот стрелец на Ливерпул, Фернандо Торес кој полека се враќа во форма и сигурно ќе биде најголема опасност за противничкиот гол.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...