Се срамам што Рома игра во ваква лига

Претседателката на Рома, Росела Сенси, беше бесна по победата на Интер над Лацио на Олимпико. Таа го гледаше дуелот кој беше од големо значење за нејзиниот тим, меѓутоа си замина огорчена од она што го виде. "Нероазурите" играа во Рим исто како да се наоѓаат на Џузепе Меаца поради тоа што навивачите на Лацио во текот целиот натпревар беа против својот клуб, односно против Рома, а навиваа за Интер да стигне до титулата во првенството. Во таков лош амбиент се вклопија и фудбалерите на Лацио, кои не прикажаа некоја поголема желба за надигрување. Дури и кога напаѓаа нивните фанови ги исвиркуваа, нешто што никогаш не се случило на фудбалските терени низ светот.

"По овој натпревар мислам дека е парадоксално да се смета Серија А за една од најдобрите првенства во светот. Да бев на чело на Интер ќе се срамев што победив на ваков натпревар. Со ова сакам да упатам силен протест до челниците на фудбалскиот сојуз иако ми е јасно дека нема да имам многу корист од тоа. Мечот заврши како што заврши, а нам ни преостанува да се сконцентрираме кон финалето од националниот куп", во бес изјави Сенси.

Рома ја совлада Парма во саботата и за момент се искачи на врвот, но Интер со триумфот во неделата повторно ја прескокна и сега има 76 бода, два повеќе од "волчицата". Тимот од Милано е на чекор до "Скудетото" бидејќи има лесни противници во последните две кола.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...