Тоти го одложи славјето на Интер

Капитенот на Рома, Франческо Тоти му донесе победа на својот тим во мечот од 37-то коло во Серија А против Каљари со што го остави својот тим во трката за шампионската титула. На 15-тина минути пред крајот на мечевите во претпоследното коло се чинеше дека фудбалерите на Интер ќе ја прослават петтата титула во низа пред своите навивачи, бидејќи во тие моменти имаадва гола предност во однос на Киево, а Каљари со голот на Лазари водеше во Рим. Но, Рома, преку Тоти дојде до целосен пресврт и сите три бода во мечот против екипата од Сардинија, со што славјето на екипата на Горан Пандев беше откажано или само одложено до следната недела.

Во мечот кој можеше да одлучи за екипата која на крајот од првенството ќе го завземе четвртото место Палермо и Сампдорија на Сицилија ги поделија бодовите па тимот од Џенова во последното коло влегува со два бода предност од единствениот конкурент.

Последен патник во Серија Б, покрај Сиена и Ливорно дефинитивно е Аталанта од Бергамо која е поразена во Наполи, но и да успееше да стори нешто повеќе резултатите од останатите мечеви не и одеа во полза. Лацио со победата против Ливорно ги отсрани сите дилеми за опстанок, додека Милан загуби во Џенова. Јувентус од своите навивачи се прости со пораз од Парма, Фиорентина ремизираше со Сиена, а Удинезе и Бари одиграа интересен меч во кој на крајот немаше победник.

Резултати:

Наполи - Аталанта 2:0 (1:0)

Кваљарела 43', 83'

Удинезе - Бари 3:3 (2:2)

Ди Натале 21', 63' - Пепе 26' - Барето 18', Коман 39', Алмирон 93'

Рома - Каљари 2:1 (0:0)

Тоти 79', 83'(пен) - Лазари 73'

Болоња - Катанија 1:1 (1:0)

Ди Вајо 15' - Лопрез 52'

Интер - Киево 4:3 (3:1)

Манотвани 14'(аг), Камбијасо 34', Милито 39, Балотели 52' - Мота 13'(аг), Граноче 60', Пелисије 74'

Ливорно - Лацио 1:2 (1:2)

Лукарели 33' - Роки 13', Броки 44'

Џенова - Милан 1:0 (0:0)

Скули 57'

Јувентус - Парма 2:3 (1:2)

Дел Пиеро 16', Јакинта 90+3' - Ланзафаме 20', 35', Бјабјани 85'

Палермо - Сампдорија 1:1 (0:0)

Миколи 68'(пен) - Пацини 54'(пен)

Фиорентина - Сијена 1:1 (1:1)

Маркиони 15' - Вергасола 3'

Табела: Интер 79 бодови, Рома 77, Милан 67, Сампдорија 64, Палермо 62, Наполи 59, Јувентус 55...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...