Форлан му го донесе трофејот на Атлетико

Шпанскиот Атлетико успеа да стигне до првиот трофеј во Лигата на Европа во историјата откако во финалниот меч на Нордбанк Арената во Хамбург го совлада Фулам. Шпанскиот тим со многу мака дури во продолженијата постигна победнички гол и го однесе драгоцениот пехар. Инаку мечот започна со доминација на Атлетико кој првпат се закани во 10 минута. Фудбалерот на Фулам Дени Марфи погреши кога му ја додаде топката на Агуеро, овој ја проследни до Форлан кој ја погоди стативата од голот на Шварцер. Во 32. минута резултатот беше отворен кога Форлан од сомнителна ситуација постигна гол. Агуеро се обиде да шутира од полу-волеј меѓутоа тоа го стори лошо, но за среќа топката стигна до Форлан од прва ја спроведе во голот. Снимката покажа дека Уругваецот се наоѓал во мал офсајд, меѓутоа судијата го призна голот. Во првата посериозна можност Фулам дојде до израмнување. Замора ја поведе акцијата и додаде до Гера кој, пак, нафрли, топката ја прелета одбраната на Атлетико, а Дејвис со волеј удар откосо го матира Де Геа.

Во второто полувреме Фулам одигра далеку поквалитетно го имаше поседот на топката и упати неколку шута преку Дејвис, Гера и Марфи меѓутоа мрежата на Де Геа не беше затресена.

Натпреварот замина во продолженија, а во него Форлан ја искористи невнимателноста на одбраната на Фулам и го одлучи победникот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...