ЛИГА НА ШАМПИОНИ - ФИНАЛЕ

Интер и Баерн во лов на тројната круна

Сите очи вечерва ќе бидат вперени во Мадрид каде се игра големото финале од елитното европско натпреварување Лигата на шампионите. На теренот на Сантијаго Бернабе ќе се пресметаат Баерн и Интер, германската упорност и италијанската трпеливост за драгоцениот трофеј на кој Баерн чека девет, додека, пак, Интер дури 45 години.

Ако во финалето минатата година меѓу Манчестер Јунајтед и Барселона гледавме надмудрување меѓу фудбалските ѕвезди Кристијано Роналдо и Лионел Меси, овој пат главните актери се тренерите Луис Ван Гал и Жозе Мурињо. Холандскиот и португалскиот стратег одлично се познаваат од времето кога заедно работеа во Барселона од 1997 до 2000 година. Тогаш Мурињо го учеше тренерскиот занает од Ван Гал пред да се разделат и да продолжат по различни патишта. Десет години подоцна повторно се среќаваат, но сега еден против друг во борба за најдрагоцениот пехар во Европа.

"Многумина сметаат дека ние тренерите сме тие што ќе го одлучат победникот. Точно ние имаме удел во играта, меѓутоа главниот збор ќе го имаат фудбалерите и нивната желба за надигрување. Ги гледав дуелите на Интер со Барселона и Челзи и можам да кажам дека Мурињо многу добро ја знае играта на секој противник и одлично знае да постави замка. Нема сомнение, ова ќе биде дуел на два цврсти противника", изјави Ван Гал.

Инаку, двата клуба не ја почнаа овогодишната кампањата во Лигата на шампионите онака како што очекуваа, меѓутоа како што одминуваше времето ги подобрија резултатите и ја темпираа формата токму во најважните дуели и заслужено се изборија за финале. Во меѓувреме двата клуба одиграа квалитетно во домашното првенство и во националниот куп каде се закитија со двете круни, што значи денешниот натпревар воедно ќе биде битка за тоа кој ќе стигне до трите трофеи сезонава. Во досегашната историја тоа им успеало само на Манчестер Јунајтед во 1999 и Барселона минатата година.

Што се однесува до играчкиот кадар, голем проблем за Мурињо ќе биде отсуството на суспендираниот Тиаго Мота, а за Ван Гал неиграњето на Франк Рибери, кој ги загуби сите жалби за поништување на суспензијата од три натпревари поради црвениот картон добиен во првиот полуфинален меч против Лион. И покрај тоа двата тима имаат одлични поединци од кои се очекува да блеснат на теренот вечерва. Арјен Робен и Ивица Олиќ се главните фудбалери на Баерн сезонава. Холанѓанецот има постигнато четири погодоци во ЛШ од кои три беа одлучувачки против Фиорентина, Манчестер Јунајтед и Лион и девет асистенции, додека, пак, секогаш незгодниот Олиќ ги тресе мрежите со леснотија и засега е втор стрелец во Лигата на шампионите со седум гола исто колку и Роналдо од Реал. Не треба да се заборават и капитенот Марк Ван Бомел, како и Бастијан Швајнштајгер, кој никогаш не потфрлил со својата игра.

Многу работи кај Интер ќе зависат од расположението на Весли Снајдер и Диего Милито. Холандскиот играч дојде на почетокот на сезонава од Реал и покажа дека клубот не згреши што го ангажираше. Тој се покажа како главен креатор кај "нероаѕурите" и со своите пет асистенции го дели првото место во ЛШ со Аршавин од Арсенал и Џилардино од Фиорентина. Милито е стрелецот број еден кај "нероаѕурите" со 22 гола во Серија "А", два во Купот на Италија и четири во ЛШ. Покрај нив не треба да се заборави борбениот капитен Хавиер Занети, потоа дефанзивецот Лусио, кој добро се снаоѓа и во нападот и добро ги познава квалитетите на Баерн бидејќи претходно настапуваше во оваа екипа, како и Самуел Ето, кој ќе се обиде по вторпат по ред да дојде до трофејот откако минатата година му успеа тоа со Барселона.

"Финалето е специјален меч за мене, но уште поважен за Интер. Клубот го нема освоено трофејот цели 45 години и целата управа заедно со навивачите силно го посакуваат. Сакам да победам заради Интер. Посакувам да ги наградам играчите и фановите кои чесно се бореа за секој успех на клубот", изјави Мурињо.

Ова е 18. финале во Лигата на шампионите, а 55. доколку се вклучи и поранешниот КЕШ. Кој и да го освои трофејот вечерва нема да биде незаслужено бидејќи и двата клуба покажаа најмногу сезонава и беа во центарот на вниманието во фудбалска Европа. А, освен тоа нивната цврста пред сè интелигентна и ефикасна игра ветува дека вечерва ќе гледаме извонредно финале.
САБОТА

БАЕРН - ИНТЕР 20:45

Мадрид, стадион: "Сантјаго Бернабе". Главен судија: Хауард Веб (Англија).

БАЕРН (4-4-2)

Бут

Контенто

Ван Бујтен

Бадштубер

Лам

Алтинтоп

Швајнштајгер

Ван Бомел

Робен

Олиќ

Милер



ИНТЕР (4-4-2)

Цезар

Занети

Самуел

Лусио

Мајкон

Пандев

Снајдер

Камбијасо

Киву

Милито

Ето


ОВА МОЖЕБИ НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ

* Вечерашнава финална пресметка во ЛШ е трета меѓу екипи од Германија и Италија. Германците ги освоија претходните две титули и тоа во 1983 година (Хамбургер-Јувентус 1:0) и во 1997 година (Борусија Дортмунд-Јувентус 3:1).

*Доколку Интер го освои трофејот Жозе Мурињо со 47 години ќе стане најмладиот тренер кој двапати триумфирал во Лигата на шампионите. Досега тоа им успеало на Ернст Хапел и Отмар Хицфилд.

*Баерн одиграл 28 натпревари против италијански екипи и забележал девет победи, седум нерешени и 12 порази со гол-разлика 35:37.

* И Интер одиграл 28 меча против германски екипи и остварил 13 победи, осум нерешени и седум порази, со гол-разлика 40:29.

* Баерн остварил четири победи и три порази во финалните натпревари во ЛШ. Триумфирал над Атлетико (1974), Лидс (1975), С.Етјен (1976), Валенсија (2001), а не успеал против Астон Вила (1982), Порто (1987) и Манчестер Јунајтед (1999). Доколку Баерн ја освои титулата ќе биде петта во историјата и ќе се израмни со Ливерпул на третата позиција по клубови со најмногу трофеи во елитното натпреварување.

* Интер остварил две победи и исто толку порази во финалните мечеви од ЛШ. Победил против Реал Мадрид (1964) и Бенфика (1965), додека, пак, загубил од Селтик (1967) и Ајакс (1972). Доколку вечерва го совлада Баерн, Интер ќе стигне до третата титула во историјата и ќе се израмни со Барселона и Манчестер Јунајтед.

* Луис Ван Гал и Жозе Мурињо како тренери имаат освоено по една титула во Лигата на шампионите. Ван Гал со Ајакс во 1995 година, а Мурињо со Порто во 2004 година.

* Арјен Робен вечерва ќе го одигра јубилејниот 50. настап во Лигата на шампионите.

* Жулио Цезар и Хавиер Занети се единствените фудбалери на Интер кои сезонава ги одиграа сите минути во Лигата на шампионите, додека кај Баерн тоа го остварија Ханс Јорг Бут и Филип Лам.

- За капитенот на Интер, Хавиер Занети, вечерашното финале на Бернабе ќе биде вкупно 700. натпревар во дресот на "неро-аѕурите".



ЕФЕКТОТ НА БАЕРН ВО ЛШ СЕЗОНАВА

Победи 7

Нерешени 1

Порази 4

Постигнати гола 21

Примени 13

Шутеви 155

Прецизни 79

Непрецизни 76

Корнери 92

Офсајди 25

Посед на топка 58%

Црвени картони 3

Жолти картони 21

Најголема победа 4:1 (против Јувентус)

Најголем пораз 2:0 (против Бордо)



ЕФЕКТОТ НА ИНТЕР ВО ЛШ СЕЗОНАВА

Победи 7

Нерешени 3

Порази 2

Постигнати гола 15

Примени 9

Шутеви 119

Прецизни 60

Непрецизни 59

Корнери 41

Офсајди 56

Посед на топка 45%

Црвени картони 2

Жолти картони 31

Најголема победа 3:1 (против Барселона)

Најголем пораз 0:2 (против Барселона)



МЕЃУСЕБНИ ДУЕЛИ

05.12.2006 Баерн - Интер 1:1

27.09.2006 Интер - Баерн 0:2

07.12.1988 Интер - Баерн 1:3

23.11.1988 Баерн - Интер 0:2



ПАТОТ НА БАЕРН ДО ФИНАЛЕТО

ГРУПНА ФАЗА

15.09.2009 Макаби Х. - Баерн 0:3

30.09.2009 Баерн - Јувентус 0:0

21.10.2009 Бордо - Баерн 2:1

03.11.2009 Баерн - Бордо 0:2

25.11.2009 Баерн - Макаби Х. 1:0

08.12.2009 Јувентус - Баерн 1:4

ОСМИНАФИНАЛЕ

17.02.2010 Баерн - Фиорентина 2:1

09.03.2010 Фиорентина - Баерн 3:2

ЧЕТВРТФИНАЛЕ

30.03.2010 Баерн - Манчестер Ј. 2:1

07.04.2010 Манчестер Ј. - Баерн 3:2

ПОЛУФИНАЛЕ

21.04.2010 Баерн - Лион 1:0

27.04.2010 Лион - Баерн 0:3



ПАТОТ НА ИНТЕР ДО ФИНАЛЕТО

16.09.2009 Интер - Барселона 0:0

29.09.2009 Рубин - Интер 1:1

20.10.2009 Интер - Динамо К. 2:2

04.11.2009 Динамо К. - Интер 1:2

24.11.2009 Барселона - Интер 2:0

09.12.2009 Интер - Рубин 2:0

ОСМИНАФИНАЛЕ

24.02.2010 Интер - Челзи 2:1

16.03.2010 Челзи - Интер 0:1

ЧЕТВРТФИНАЛЕ

31.03.2010 Интер - ЦСКА М. 1:0

06.04.2010 ЦСКА М. - Интер 0:1

ПОЛУФИНАЛЕ

20.04.2010 Интер - Барселона 3:1

28.04.2010 Барселона - Интер 1:0



ПОЗНАТ ГЛАВНИОТ СУДИЈА НА ВЕЧЕРАШНИОТ МЕЧ

Веб на центарот на Бернабе

Англискиот арбитар Хауард Веб ја доби честа да го води вечерашниот голем дуел меѓу Баерн и Интер. Поранешниот полицаец ја почна професионалната судиска кариера во 2003 година, а значката на ФИФА ја доби во 2005 година. Во Лигата на шампионите дебитираше на 26 септември 2006 година во Букурешт меѓу Стеауа и Лион, а досега во ова натпреварување има судено на 15 натпревари, а доколку се земат предвид сите натпреварувања под капата на УЕФА тогаш бројката изнесува 49 натпревари. На Баерн му судел трипати досега, последниот беше против Јувентус во Минхен оваа сезона во групната фаза, а на Интер двапати последниот против ЦСКА Москва на домашен терен во четврт-финалето исто така оваа сезона.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...