Мурињо ќе го чини Реал 80 милиони евра

Можеби екипата на Реал не освои ниту еден трофеј оваа година, но постојат области во кои е беспрекорна.

Кога во прашање е трошењето пари, Реал е убедливо на првото место.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез минатата сезона за засилувања издови околу 300 милиони евра, а сезоната ја заврши како и претходната, со празни раце.

Но, никој никогаш не потрошил 80 милиони евра на тренер. Поголемиот дел од оваа сума е наменета за плата. Мурињо веќе е најплатениот тренер на светот со годишна заработка од 9,5 милиони евра. Уште ако се додат и платите на неговите помошници, на што годишно одат околу 5 милиони евра, за четири сезони, се добива сума до 60 милиони.

Останатото отпаѓа на трошоците на неговото ангажирање. За неговата отштета е потребно да се издвојат 8 милиони евра.

Од друга страна, договорот на Пелегрини важи и за следната сезона, а тој е вреден 8 милиони евра. На тоа се додава и платата на асистентите на Пелегрини, за конечно да се добие износ од 80 милиони евра.

А што се однесува до засилувањата за Реал за следната сезона, Мурињо планира во Мадрид да ги донесе најголемите ѕвезди на Челзи и Ливерпул. Подготвен е да го опустоши и Интер.

Португалецот кој следните денови и официјално ќе стане тренер на Реал, планира да испрати понуда за Дидие Дрогба, Франк Лампард, Ешли Кол, како и за Торес и Жерард.

"Сан" исто така наведува дека Мурињо ќе добие 100 милиони евра за засилувања. Во наводите уште се вели дека Португалецот од Интер ќе се обиде да ги ангажира Снајдер, Милито и Цезар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...