Бенитез бара десет мил. евра, Интер нуди шест

Интер веќе го одредил Рафаел Бенитез за нов тренер на екипата по заминувањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид, но уште на почетокот од преговорите се појавиле проблеми, тврди Датаспорт во своето вчерашно издание. Интер со официјално соопштение потврди дека е заинтересиран за шпанскиот стручњак, но причина за застојот во преговорите прави фактот што Бенитез сега бара десет милиони евра по сезона за разлика од шесте кои ги нуди актуелниот европски првак. Претседателот Масимо Морати вчера призна дека преговара со шпанскиот менаџер, кој го напушти Ливерпул во четвртокот и дека во наредните неколку денови заедно со останатите директори во клубот ќе ја донесат конечната одлука.

"Точно е дека преговараме со Бенитез и можам да кажам дека сме во напредна фаза. Ги сослушавме неговите барања, му ги соопштивме нашите планови и во наредните неколку дена ќе одлучиме што ќе правиме. Бенитез е одличен тренер, мислам дека има пет победи над Мурињо и сметам дека може добро да го води Интер. Освен тоа има забележителни успеси во европските купови", изјави Морати.

Како што е познато, Бенитез минатата недела го раскина договорот со Ливерпул и од англискиот клуб треба да добие отштета од четири милиони фунти, но за да го преземе Интер бара уште поголема плата од онаа што ја добиваше на Енфилд. Италијанскиот Датаспорт тврди дека и двете страни се расположени за договор, но останува да се финализираат финансиските детали кои и не се така мал проблем. Интер нуди шест милиони евра по сезона, Бенитез бара десет, а според Датаспорт, се очекува двете страни да се "најдат" во регионот меѓу 7,5 и осум милиони евра. Евентуалниот договор би важел во следните три сезони со можност да биде продолжен на уште една.

Сопственикот на Интер првично го посакуваше Фабио Капело или Гус Хидинк, меѓутоа откако стана јасно дека нема да ги добие, се сврте кон Бенитез, кој поседува големо фудбалско искуство и засега е најкомпетентен да го води европскиот првак. Морати уште вчера го повикал Марко Бранка да го прекине одморот и да допатува во Милано за да ги договори условите со Шпанецот. Според поголемиот број италијански медиуми, целата работа треба да биде завршена во текот на денешниот ден, а Бенитез официјално да биде промовиран во нов тренер на Ливерпул во вторник. Во моментов Шпанецот е на одмор со своето семејство и тоа на Сардинија.

Се очекува заедно со Бенитез во Интер да завршат и уште двајца фудбалери од Ливерпул. Се работи за играчот за врска Хавиер Маскерано и напаѓачот Дирк Кујт. Засега е неизвесно дали Интер ќе се ослободи од некој фудбалер во летниот преоден рок. Се шпекулираше дека Даглас Мајкон заминува во Реал кај Жозе Мурињо, но самиот Бразилец во текот на викендот изјави дека неговите планови се врзани за Интер, освен ако Масимо Морати не смета дека треба да биде продаден.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...