Бенитез се договори со Интер

Рафаел Бенитез, доскорешниот тренер на премиерлигашот Ливерпул, во следните три сезони ќе седи на клупата на европскиот шампион Интер. Шпанскиот фудбалски стручњак според италијанските медиуми за преселбата во Милано ќе добие 9 милиони евра за тригодишниот договор со можност тој да биде продолжен за уште една година.

Претседателот на Интер Масимо Морати во Бенитез го гледа единствениот наследник на Жозе Мурињо кој може да ги повтори успесите на „нероазурите“ остварени во оваа сезона.

- Доаѓањето на Бенитез ни гарантира континуитет во работата на исто ниво како и досега. За кусо време Шпанецот и официјално ќе биде претставен на јавноста како нов шеф на стручниот штаб на клубот. Управата ќе му овозможи неколку засилувања, но за тоа ќе почекаме откако ќе се соберат играчите на првиот тренинг и откако новиот тренер ќе ги искаже своите планови за новата сезона. Со конкретни имиња во моментов не сакам да шпекулирам, изјави за италијанските медиуми Морати.

Се очекува Бенитез во текот на денот да го превземе кормилото на клубот во кој настапува најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...