Интер ги носи Силва, Маскерано, Кујт...

Рафа Бенитез и официјално беше назначен за шеф на стручниот штаб на европскиот шампион Интер од страна на претседателот Масимо Морати кој веќе започнал со кроење на планови за ангажман на засилувањата кои му ги препорача шпанскиот стратег. Првиот човек на Интер го испратил директорот Марко Бранка во Валенсија на разговори со агентот на крилниот фудбалер и шпански репрезентативец Давид Силва. "Нероаѕурите" го посакуваат Силва на Џузепе Меаца, а трансферот би можел да се реализира поради добрите односи на Бенитез со Валенсија каде работеше во минатото. Валенсија би се согласила за продажба поради големите долгови во кои тоне овој клуб, а со парите од продажбата на Давид Силва и оние од трансферот на Давид Виља во Барселона ќе закрпи дел од финансиската "дупка". За него Интер е подготвен да плати 20 милиони фунти. Следна цел на Интер е ангажман на двоецот на Ливерпул Дирк Кујт и Хавиер Маскерано. "Нероаѕурите" за двајцата во пакет би платил 33 милиои фунти. Самиот Бенитез добро ја знае финансиската криза во Ливерпул и ќе се обиде да ја искористи и да ги донесе своите омилени играчи на Џузепе Меаца. Кујт претходно изјави дека посакува да продолжи да работи со Бенитез, а Маскерано сигурно ќе прифати да игра заедно со своите сонародници Камбијасо, Занети и Милито.

Освен тоа постои интерес и за Фернандо Торес меѓутоа тој засега не е во прв план околу засилувањата, а и Интер моментално има добри напаѓачи во Пандев, Ето, Милито и Балотели. Интер најверојатно ќе продаде дел од играчкиот кадар но тоа ќе се знае откако Бенитез ќе ги увиди недостатоците во екипата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...