Тотенхем е сега интересен за Раул

Четвртопласираниот тим од последната сезона во Премиер-лигата, Тотенхем, е многу блиску до еден од најголемите трансфери во 118-годишната историја. Според најтиражниот англиски весник Сан, голема е веројатноста дресот на Спарс во новата сезона да го облече шпанската фудбалска легенда Раул Гонзалес, кој е на излезна врата од Реал Мадрид. Позитивна работа за Тотенхем е тоа што Раул, како што самиот изјави вчера, изразил желба кариерата да ја заврши во англиското првенство.

Како што е познато, 33-годишниот напаѓач не е во плановите на тренерот Жозе Мурињо за новата сезона и јасно му беше порачано дека може да си замине ако сака да ја продолжи играчката кариера. Интересно е само тоа што никој во Реал не ја кажува висината на отштетата според која Раул може да си оди имајќи предвид дека ветеранот има договор на уште една сезона. Сериозен интерес за Раул постои и од Шалке од каде уште минатата недела објавија дека се пред договор, но како што стојат сега работите, тоа ќе остане само пуста желба на клубот од Гелзенкирхен и тренерот Феликс Магат.

"За фудбалер како Раул секогаш постои интерес. Но, ништо не може да се направи се додека од Реал Мадрид не објават официјално дека Раул е слободен играч и дека може да ја смени средината. Се обидов да разговарам со челниците, но тие постојано ја одбегнуваат таа тема", изјави агентот на Раул, Бери О'Конор.

Против продажбата на легендарниот голгетер на Реал се навивачите на клубот кои преку петиција се обидоа да ги премислат Флорентино Перез, Хорхе Валдано и Жозе Мурињо. Раул веќе 15 години е нивен миленик не сакаат сегашната раководна структура да го заборави тоа што тој го направил во овој период. Ветеранот ги држи речиси сите рекорди во "кралскиот клуб", како според бројот на одиграни натпревари, така и по постигнатите голови во Примера и во европските купови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...