Раул е веќе играч на Шалке

Легендата на Реал Мадрид, Раул Гонзалес веќе е фудбалер на Шалке, тврди германскиот таблоид Билд во своето вчерашно издание. Според истиот извор, трансферот, за кој многу се зборуваше последните денови, останува уште 33-годишниот напаѓач да биде претставен на навивачите на Шалке, а за двегодишниот договор со тимот од Гелзенкирхен ќе заработи 12 милиони евра.

Според Билд, дозвола за преминот на Раул дал и Реал Мадрид и покрај што фудбалерот има договор на уште една сезона.

"Многу е веројатно Раул да биде претставен до крајот на оваа недела", изјави тренерот на Шалке, Феликс Магат.

Официјална потврда од германскиот бундеслигаш се уште нема затоа што пред преселбата Раул треба да се договори со своите лични спонзори. Според Билд, многу важна улога за трансферот на поранешниот шпански репрезентативец имал Криштоф Мецелдер кој летово исто така од Реал се пресели во Шалке.

"Се избезумив кога Раул ми кажа дека е заинтересиран да дојде овде. Ме прашуваше кој град е најубав и каде неговите деца ќе можат да одат на училиште", рече Мецелдер кој при преговорите бил преведувач.

Пред два дена англиските медиуми тврдеа дека во трката за Раул се вклучил и Тотенхем, но од тоа најверојатно нема да има ништо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...